Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Кривична пријава против градоначалникот на општина Врапчиште поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овласувањата

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И. Ш. во својство на градоначалник на општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 3 в.в со ст. 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Како што стои во соопштението, пријавениот И. Ш. во текот на 2025 година ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157 став 1 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Македонија“ бр.24/2019 од 1.2.2019 година), на начин што склучил договор за набавка на работи – реконструкција на локален пат во Добридол од центарот на селото до вкрстувањето со сервисниот пат покрај државниот пат А2, делница Тетово – Гостивар, бр. 0507-219/17 од 3.4.2025 година со избраниот економски оператор, без да ја дочека конечната одлука по поднесена жалба од Државната комисија за жалби по јавните набавки во согласност со што одлуката за избор била поништена.

– И покрај ваквата одлука од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки, пријавениот извршил плаќање по однос на склучениот договор на правното лице во вкупен износ од 11.848.675 денари и со овие дејства му овозможил на правното лице да стекне противправна имотна корист за наведениот износ – наведуваат од Управата за финансиска полиција.