Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

🎥 Ковачки: Над милион евра за инвестиции во инфраструктурни проекти во Македонска Каменица за една година, ги градиме темелите на промените

Изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки: „Добро вечер од преубавата Мошница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки:

„Добро вечер од преубавата Мошница, од општина Македонска Каменица, мала Швајцарија на истокот.

Денеска сме тука со единствена цел, да упатиме порака дека е потребно да има континуитет на промените коишто ги започнавме во 2021 година на локално ниво.

Реклама

Она што можам да го кажам е дека заедно со граѓаните , односно жителите на овие населени места, разговаравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат, за да знаеме што да ставиме во програмата на идниот градоначалник и Совет за општина Македонска Каменица.

Владата на Македонија, знаете сите дека продолжува со поддршка на нашите македонски општини. Македонска Каменица во минатата година, само од моментот на доаѓање на нашата Влада на власт, на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во Македонска Каменица има инвестирање над милион евра и тие пари ќе бидат потрошени за инфраструктурни проекти, комунални проекти, проекти во патната инфраструктура, се што е потребно за жителите на овие краишта.“