Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ковачки: „Македонија забрзува, наша обврска“ – на 17 јуни во Струмица заедно да го одбележиме 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ

Како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денес ја имам честа да ве известам дека во среда, 17 јуни, партијата одбележува 36 години. Тоа е ден кога ја одбележуваме историјата која неʼ обврзува и иднината која доаѓа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Точно пред […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денес ја имам честа да ве известам дека во среда, 17 јуни, партијата одбележува 36 години. Тоа е ден кога ја одбележуваме историјата која неʼ обврзува и иднината која доаѓа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која неʼ обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина.

Се почна во 1990 година на 17 јуни кога беше одржано Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје.

Реклама

Во среда, 36 години подоцна ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат.

Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено. 

Почитувани пријатели, морам да напоменам дека во најтешките моменти народот, граѓаните ни ја даваа силата.

Сега сме фокусирани на иднината на Македонија и нејзините граѓани. Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија која достоинствено чекори кон ЕУ.

Пораката “Македонија забрзува. Наша обврска”, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија.

На 17 јуни во Струмица на големиот народен собир кој почнува во 20 часот на стадионот Младост, добредојдени сте сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои верувате во напредокот на Македонија.

И ова е момент кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа.

Се гледаме во Струмица во 20 часот!