Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Македонија

Ковачевски и Aхмети ја откажаа предизборната “веридба” – главна причина е Tаравари, но и кавгата околу парите

Неуспеа планот на СДСМ да ги припојат ДУИ со нив за претседателските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неуспеа планот на СДСМ да ги припојат ДУИ со нив за претседателските избори. Кавгите во коалцијата, слабиот рејтинг на социјал-демократите, како и зголемената популарност на здружената опозиција од албанската заедница ги доведоа интегративците до sид, па сега ќе мораат сами да настапат на претседателските избори.

Но не само тоа туку и непотпишувањето на законот за игри на среќа од Пендаровски, кој партијата од Мала Речица ревносно го туркаше во Собранието, како и одлуките на Владата во ЕСМ со пиши бриши стратегија, односно на барање на министри на ДУИ се забрануваат тендери на АД ЕСМ, а потоа нивните колеги од СДСМ ја укинуваат одлуката, дополнително ја разјаде коалцијата одвнатре, затоа Ахмети и Ковачевски ќе си ги одмеруваат силите одвоено на претсеателските избори.

Според дел од аналитичарите, оваа одлука на ДУИ за самостоен настап е само предвесник и на одлуката за најверојатно одделено настапување и на парламентарните избори. Клековски за Алфа вели, покрај кавгите и тендерите, проблем на ДУИ им е што знаат дека СДСМ губат и затоа не сакаат коалцвија со нив, оти се свесни дека без партиајта на Ковачевски би имале подобри позиции.

Реклама

СДСМ веќе со години не може да го победи ВМРО на самостон настап и затоа на минатите избори во 2020 настапи во колација со БЕСА.Пресметката на СДСМ е многу јасна, тие во самостоен настап ни порано ни сега не може да го победи ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е заинтересиран да изгради поширока коалиција со партиите на етничките албанци. Интересот на ДУИ е исто така да биде победничка партија, меѓутоа се додека таа коалиција може да обезбеди подобра позиција после изборите отколку самостоен настап, вели Клековски за Алфа.

Според аналитичарите, дополнително проблемите каде повеќе пд пола милион граѓани на Македонија станаа притвореници во државата заради недостигот на пасоши, ја намали уште толку популарност на СДСМ и ДУИ сакаат што подаелку да избегаат од социјал-демократите, оти партијата на Ковачевски е се поизвесно дека ја очекува најголемиот пораз.

Унтеверизтетскиот професор Јанкуловски за Алфа вели дека и тоа што албанската опизиција оди со сопствен кандидат ги тера ДУИ да настапат самостојно.

Едноставноизнуден потег од страна на здружената опозиција да во албанскиот политички блок си ги одмерат силите. Едноставно СДСМ е оставена на цедило, нема друг избор освен да одат сами. Напорите кои ги правеа, одењето на Косово, обидите да се најде канидат кој ќе биде прифатлив за македонската и албанската страна на политикиот спектрум очигледно не ги даде резултатите, вели Јанку

Вчера лидерот на СДСМ, Ковачевски најави дека сами ќе излезат на изборите, откако ДУИ веќе го сторија истото, и Ковачевски немаше друга опција.