Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Ковачевски ги одбројува последните 55 дена како премиер – шансите повторно да биде на чело на владата се малку веројатни

Ќе бидат ли ова последните 55 дена од владеењето на Ковачевски како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе бидат ли ова последните 55 дена од владеењето на Ковачевски како шеф на Владата? Според договорот кој вчера падна на лидерската, парламентарните избори заедно со претседателските треба да се одржат на 8 мај, што значи дека 100 дена пред изборите, односно на 28 јануари, Ковачевски,ј премиерската фотеља треба да ја напушти и предаде на ДУИ.

Иако тој вели дека неговата партија ќе победи на изборите, се поверојатно е дека тој моментално ги живее последните денови како премиер, оти според анкетите неговата партија има многу понизок рејтинг од оној на ВМРО-ДПМНЕ, а според некои истражувања на мислењето на граѓаните, дури и понизок од оној на интергративиците.

Најголема сламка за спас, се чини дека Ковачевки ја гледаше во заедничките листи со ДУИ, но и со Алијанса, оти без партијата на Таравари која е сега дел од владината коалиција, Ковачевски и Ахмети би немале ни просто мнозинство. Сепак по се изгледа како кула од карти се урна надежта дека Таравари би одел со нив на изборите.

Реклама

Алијанса на албанците најавија дека најверојатно сами ќе трчаат.

Па така шансите дека СДСМ и ДУИ дури и да одат заедно на листите за избори, а се поверојатно е дека тоа ќе го направат и за претседателските, се безмалку нереални дека би можеле пак да формираат влада, а и да добијат претседател на државата.

Од СДСМ информираа дека е започната иницијатива и отворен повик за формирање на Европски фронт, како и дека започнува постапка за избор на кандидат за претседател.

Во оваа насока СДСМ ги повикува сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт. СДСМ подава рака на сите проевропски и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика, стои во соопштението од СДСМ.

Заеднички настап на претседателските избори, но и на парлемантарните најавија од албанската опоиција односно БЕСА, Алтернатива и Демократско движење, додека останатите помали албански партии како онаа на Аријанит Хоџа како и партијата на Скендер Реџепи засега не се знае накаде ќе натежнат.

ВМРО-ДПМНЕ и колацијата за Обнова на Македонија најавија дека претсеадтелскиот канидат ќе го изберат на конвенција и дека веќе има листа на имиња за кои се разговара и се мери рејтингот.