Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Котевска: Посакувам некои работи кои што ги видовте во филмот Силјан да се сменат засекогаш, но исто така посакувам некои да не се сменат никогаш

Не можам да ја опишам возбудата која ја чувствуваме сите тука вечерва.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не можам да ја опишам возбудата која ја чувствуваме сите тука вечерва. Без разлика каде бев, не постои чувство што ќе ми го замени овој настан, пред домашната публика. Ова е мојата најголема гордост!

Овој филм настана без идеја дека ќе стигне толку далеку и настана за нашата публика. Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ми е мило што го видовте денес сите, што допрва ќе го гледа цела Македонија, бидејќи планираме да има премиери и проекции низ цела Македонија, во секој град, бидејќи сметам дека луѓето од помалите места и те како заслужуваат да го видат овој филм и воопшто да гледаат филмови, а немаат можност.

Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на „Конкордија“ (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм.

Луѓето како Никола и неговата фамилија ми даваат смисла на животот и зошто правам приказни за нив. Сметам дека приказните, особено од подлабоките места во Македонија, од поскриените места, ми се особено драги да ги испромовирам и да бидам едноставно дел од сето тоа и дел од тие светови кои што делуваат заборавени, но всушност се суштината на нашата култура и на нашиот свет и некако нè држат сите, ни ги држат корените на сите.

Реклама

Особено сум горда на оваа екипа која што се бореше од почеток до крај без никакви финансии голем дел од времето. Многу подоцна дојдоа финансии, и вакви луѓе навистина заслужуваат буквално сè.

Сакам да пратам и поздрав до кинематографот Жан Дакар, кој што мораше да лета за Америка, моментално е на Cinema Eye Honors, каде што јас не можам да отидам бидејќи сум тука.

И за крај, посакувам некои работи кои што ги видовте во филмот да се сменат засекогаш, но исто така посакувам некои други да не се сменат никогаш!