Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Костовски: Бутел добива нова поликлиника, Љуботен добива водовод

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина Бутел до редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина Бутел до редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го изрази задоволството за реализација на 404 проекти во општина Бутел во текот на неговиот четиригодишен мандат како градоначалник, и напомена дека околу 70 од реализираните проекти не беа дел од предизборната програма, и наведе дел од реализираните проекти.

„Целосно коритото на реката Серава го изградивме во должина од 1500 метри, во потегот на Радишани, направивме трим патика, 5000м2 додадовме зеленило, целосно го осветливме тој потег и поставивме клупи. Нов мега парк во Радишани од 10.000м2, две градинките една е целосно завршена, а другата е во една сериозна фаза. Училиштето во Визбегово започна да се гради за време на мојот мандат и се заврши. Направивме револуција во спортот, изградивме 5 спортско рекреативни центри иако најавивме само два, изградивме 13 спортски терени, изградивме плоштад, изградивме 10 детски игралишта. Поликлиниката, историскиот момент за Бутел, е распишан тендерот и водоводот во Љуботен, едно историско барање на граѓаните, го започнуваме за два дена од сега ќе ги поврземе на градски водовод“, објасни Костовски.

Во однос на проектите содржани во програмата за наредниот мандатен период од четири години, Костовски посочи дека се предвидени изградба на три нови градинки, нов културен дом и плоштад во Бутел 1, два паркови на Христијан Тодоровски Карпош и во Радишани.

Реклама

„Во новата програма предвидовме 3 нови градинки во населеното место Радишани, Визбегово и Бутел 1. Ќе имаме нов базен во Бутел 1, носечка работа за општина Бутел, а тоа е нов културен дом и плоштад во Бутел 1, за неколку дена ќе има и 3Д анимација. Два нови паркови најавувам едниот на Христијан Тодоровски Карпош кадешто заедно со Градот Скопје ќе мора да го направиме и еден ќе го направивме сами во Радишани“, рече Костовски.

Тој додаде дека со оглед на фактот дека во мандатот што следи најголемиот дел од капиталните проекти се завршени или во фаза на правење, ќе се работи и на атмосферската и на фекална канализација во општината.

Костовски посочи дека општина Бутел во текот на неговиот мандат не издала дозвола за ниту една изградба за зграда, иако притисоци постоеле, а сето тоа во насока на спречување на урбаниот хаос во општината и рече:

„Одолеав на секој притисок на урбаната мафија за општина Бутел да остане мирна општина и да продолжи да владее маалскиот тип на живот и цврсто стојам зад барањето на граѓаните општина Бутел да не е бетонизирана во ниедна смисла на зборот“, заклучи Костовски.