Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Костадиноски: Поплавите не се веќе закана за жителите на Јегуновце, за прв пат го регулиравме коритото на Вардар

На почетокот на мојот мандат кажав дека нема да бидам градоначалник кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На почетокот на мојот мандат кажав дека нема да бидам градоначалник кој седи во канцеларија, туку човек кој е со народот, кој е на улиците, на терен. Секој ден го живеев со населението на општина Јегуновце. Затоа можам да кажам дека она што го ветив, го направив, а ќе направиме заедно и јас со мојот тим уште многу за вас, рече на партиска прес-конференција градоначалникот на општина Јегуновце Димитар Костадиноски.

Накратко ќе кажам што направивме.

Поплавите не се веќе закана за жителите. За првпат ја регулиравме реката Вардар.

Реклама

Инвестиравме во најмладите, реновиравме училишта, за децата да учат во услови што ги заслужуваат, а наставниот кадар да предава во соодветни услови.

Изградени се и поставени детски реквизити и спортски реквизити во сите населени места. Изградени се уште две градинки за најмладите, каде што секое дете е згрижено.

За првпат во историјата, неколку села добија питка вода за пиење, нешто што требало одамна да биде решено.

Отворена е фудбалска школа Јегуновце 22, и комплетно е реновирана фудбалската соблекувална и фудбалскиот терен каде што децата имаат подобри услови за спортување.

Јегуновце доби и јавно претпријатие, за нашите потреби да ги решаваме сами.

Асфалтиравме улици, изградивме нови и проширивме канализациона и водоводна мрежа, донесовме ред таму каде што немаше.

Дадовме канти за отпадоци на секое домаќинство.

За Јегуновце продолжуваме понатаму бидејќи сите заслужуваат повеќе.

Деновиве има простор вашите идеи да се преточат во програма.

Знајте вашите зборови се мојата мотивација.

Одиме понатаму за поголеми проекти, за уште подобри услови, за развој што ќе остане на генерациите по нас!