Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Косовски државјани се тестираат во Скопје и со позитивен резултат си шетаат слободно низ градот?!

Најмалку седум косовски државјани, позитивни на корона вирусот влегле и излегле од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку седум косовски државјани, позитивни на корона вирусот влегле и излегле од земјава во понеделникот. Ваква загрижувачка информација до редакцијата на Алфа стигна директно од епидемиолози кои со месеци работат на детектирање на пациентите позитивни на Ковид 19. Според информациите, странците во земјава влегле со цел да се тестираат за вирусот во некоја од приватните болници во Скопје, а по добиените резултати си заминале дома. Ова пак го вклучува алармот, каде странците се движеле и со кого се имале контакт во часовите додека ги чекале резултатите од тестирањето? Дали можеби биле на шопинг во некој од трговските центри или пак на гости кај блиски пријатели од земјава?

Министерот за здравство Венко Филипче вели не би бил изненаден ова да е точно, бидејќи знаел оти можностите за тестирање во Косово биле лимитирани. Вели растот на бројот за заболени во регионот го вклучил алармот надлежните да размислат за нови мерки на границите. Комисијата за заразни болести утрово препорача забрана за влез на граѓаните од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Кога Владата ќе заседава по оваа препорака, министерот немаше одговор.

„Досега немавме таква информација, но не би било изненадување со оглед на лимитираните капацитети за правење на тестови во Косово. Ние анализиравме податоци и од терен и од официјалните власти на сите овие четири земји, на Србија, Косово, Црна Гора и Босна каде што во последниот период има зголемен број на заболени. За овие четири земји денеска до Владата поднесовме барање да важи нивните државјани при влез во нашата земја да имаат ПЦР тест не постар од 72 часа. Утворо беше донесен предлогот, верувам дека во најскоро време ќе се закаже седница“, вели министерот Филипче.

Реклама

Инаку, земјите во регионот веќе преземаат мерки за спречување на вториот бран од корона вирусот. Дел од соседните држави воведоа задолжителен карантин за странски државјани, други пак ги спуштија рампите за влез на странци.

Биљана Божиновска