Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Корупцијата, криминалот, пропаднатото здравство и образование што ги создадоа СДСМ и ДУИ се причината за одвојувањето на Македонија и Албанија

Апсурдно е да се обвинува ВМРО ДПМНЕ за одвојувањето на Албанија од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апсурдно е да се обвинува ВМРО ДПМНЕ за одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ со оглед на се што направи двоецот СДСМ ДУИ во последниве седум години, коментираат дел од политичките аналитичари по немарната изјава на Битиќи дека 75 % од граѓаните го поддржувале Францускиот предлог.

Корупција, криминал, пропаднато здравство и образование, а и влогот на СДСМ и ДУИ Македонија да биде ставена во ист кош со Албанија, е она што го одбележи владеењето на Заев и Ахмети, а сега истите ја обвинуваат власта дека ја блокира Македонија на европскиот пат. За дел од аналитичарите ова е чист апсурд и дневна политика. Политичкиот аналитичар Агим Јонуз вели дека не може власта да е виновна за неуспехот на претходната власт во обидите да ја доближат земјава до европското семејство.

75-те проценти на Битиќи се всушност граѓани што сакаат Макеоднија да стане дел од ЕУ, но ниедна анкета на покажува дека толкав процент од Македонците се согласуваат Бугарите да влезат во Уставот, коментира Јонуз.

Реклама

Откако амбасадорите на ЕУ решија да го унапредат процесот на прием на Албанија, со што се одвојува од  Македонија, опозицијата жестоко ја нападна власта, иако поминаа само 100 дена од формирањето на новата Влада.

Според СДСМ премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за одлуката на европските амбасадори во Брисел, бидејќи според нив власта ги прекинала преговорите со ЕУ . Но, Јонуз вели дека Албанија нема такви проблеми како Македонија која постојано е под притисоци и ултиматуми со различни барања од соседите. Тој вели дека ВМРО ДПМНЕ е за влез во ЕУ, но не по цена бришење на македонскиот идентитет.

Одлуката во Брисел крена бура од реакции не само кај домашната јавност. Ликувањето и радоста на Бугарија за одвојувањето на Албанија е спротивно од Договорот за добрососедство потшишан од Зоран Заев на кој бугарската страна постојано се повикува и обвинува дека Македонија е таа која не го почитува.