Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Контроверзната историска комисија со Бугарија дефинитвно ќе оди на целосен ремонт

Докажани експерти од областа на историјата кои ќе имаат доблест и храброст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Докажани експерти од областа на историјата кои ќе имаат доблест и храброст да се борат за националните и државни интереси – луѓе кои се стручни во тоа поле но истовремено ќе го штитат македонскиот идентитет. Вака треба да изгледа македонскиот тим во историската комисија со Бугарија. Премиерот Христијан Мицкоски најави кадровски промени во комисијата бидејќи актуелниот состав не ги исполнил очекувањата.

Нема политичка позадина планот за промени во историската комисија. Нормално е дека нова влада, нови луѓе кои управуваат, да има и кадровски промени. Лично ако ме прашувате. Мислам дека актуелната комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не ги штитеше доволно националните интереси. Многу брзо, во периодот што следи, рече Мицкоски.

Веќе подолго време, работата на мешовитата комисија е блокирана. Членовите не можат да постигнат договор за многу историски прашања а изминатите години целата македонска јавност беше сведок за силни политички влијанија врз историчарите од македонската страна, кои се согласуваа на речиси сите барања од Бугарија кои задираа во македонскиот идентитет.

Реклама

На состаноците изминативе неколку години, историчарите договорија дека Цар Самоил, светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум, повеќе не се само македонски историски личности, туку и бугарски, регионални и европски. Ова станаа новите официјални историографски позиции на Македонија, бидејќи на тоа се согласни претходната влада. Посебно проблематична беше и се уште е ситуацијата со Цар Самоил. За него се наведува дека историската наука го смета за цар во Бугарско царство и тоа во протоколот кој стана дел од преговарачката рамка за Македонија со ЕУ, за која добивме порака дека не може да се менува.

Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија, пишува во протоколот потпишан помеѓу Македонија и Бугарија.

Сите одлуки на претходната влада, кои често пати беа во полза на Бугарија, а се темелеа на препораки на историската комисија, придонесоа Македонија да мора да ги менува и некои од учебниците по историја и географија.

По повеќе од две години од отворањето на прашањето за Гоце Делчев пак, членовите на комисијата немаат речиси никаков напредок, и тоа е камен на сопнување. Сепак, поранешната влада се согласи на заедничко чествување со Бугарија, како знак на добра волја.

Од самниот почеток на работата на Комисијата постоеја сомнежи дека политиката меша прсти во историските работи. Поради тоа во 2021-ва година од работата на оваа Комисија се повлече професорот Ванчо Ѓоргиев, поради како што кажа политички притисок.

Инаку, Комисијата за историски прашања беше формирана како резултат на Договорот за добросодество потпишан во 2017 година. За разговори и преговори со бугарските историчари Комисијата до 2023 година имаше инкасирано над 250 илјади евра.