Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Контрадикторни изјави на министерот Спасовски: Дали Вања е најдена закопана или не?

Прашањето каде било закопано телото на малата Вања и каде точно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прашањето каде било закопано телото на малата Вања и каде точно се наоѓа јамата во која е пронајдено безживотното тело на девојчето за првиот полицаец Оливер Спасовски е инсинуација.
“Ова е инсинуација целосна, значи ние рековме дека е пронајдена во атарот на селото Бразда”-рече Оливер Спасовски-министер за внатрешни работи
Но на првата прес конференција на 3-ти декември Оливер Спасовски кажа дека девојчето било убиено од страв бидејќи веќе започнала истрата за нејзиното исчезнување и дека според исказите на осомничените за грозморното убиство имаат точна информација каде се пронајдени телата на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска, првото во околината на Скопје, а второто во околината на Велес.
“Да да во нивните искази они ги кажаа местата каде што се двете тела закопани да ,на различни места”-изјави министерот за внатрешни работи.
Случајот Вања крие многу прашалници,според она што првично го открија Оливер Спасовски и шефот на скопското Обвинителство Гаврил Бубевски се разликуват нивните изјави за тоа во колку часот е убиена Вања, дали во 10 како што соопштија од ОЈО или 2 часа покасно како што кажа министерот. Спасовски одговарајќи на новинарски прашања изјави дека, откако Вања била грабната од пред своето живеалиште, и биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење во багажниот простор на возилото и потоа е однесена на локација каде што била убиена и закопана но, во колку часот?
Тоа што го кажавме на претходната прес конференција е врз основа на исказите кои се добиваат од осмничените, меѓутоа тоа не се само искази, туку искази кои што се потврдуваат и со низа на на докази,видео матерјали,мета податоци итн инаку најточниот податок како доказ во тој дел ќе го даде извештајот од судска медицина од обдукцијата”-рече Спасовски
Инаку битолскиот адвокат Васко Стојков, кој го возел Палчо во соседна Србија задржан е во полициска станица на распит кој што сеуште трае во рамките на 24-часовно задржување и кога ќе заврши службите ќе одлучат што понатаму ќе се прави. Додека пак возачот Стефан Димковски кој го транспортираше убиецот од Белград преку Бугарија до Турција согласно сето она што е потврдено од органите на прогонот, Спасовски потврди дека ќе се поднесе кривична пријава.

Росица Голабоска