Реклама
Македонија

„Конти“ им собра десетина милиони евра на Македонците, засега нема кривична за измамата, МВР бара жртвите да пријават

Вложи 100 долари за да добиеш 500 па и повеќе – македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вложи 100 долари за да добиеш 500 па и повеќе – македонските граѓани повторно мета на измами. Платформата „Конти“ за електронска добивка ќари неколку стотици илјади долари од македонските инвеститори кои наместо да добијат, останаа извисени, ем без добивка, ем без своите вложени пари. Според неофицијални информации станува збор за околу 14 илјади граѓани од Македонија, колку што има членови на Телеграм групата на платоформата „Конти“. „Парите доаѓаат и си одат“ им напиша администраторот кој се оградува и вели никој не бил принуден да вложува во шемата.  

  • Голема е веројатноста трансакциите да не се реализираат и тука нема што да се крие. Ве молам без обвинувања никој не беше со сила натеран да вложува. Многу добија, а и многу изгубија и тоа е факт“ им напишал администраторот на Телеграм.  

Ова не е прв случај во земјава, но и во светот, кога луѓе желни за брзи пари без работа и труд туку само со кликање, инвестирале средства во непроверени платформи. Исто толку лесно е и да влезеш во групата – играчи на Конти, прво вложувале пари, и тоа од 50, па се до неколку илјади евра, се инсталирала апликацијата, се кликале лајкови на филмови, а се барале и нови луѓе да го сторат истото. Вложените средства им се враќале назад по околу еден месец, а потоа им следувала заработка. Некој заработил илјадници евра, но поголем е бројот на граѓани кои изгубиле илјадници евра. Сепак, точниот број на измамените од овој пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал и не може да се утврди со оглед на тоа дека никој од нив не пријавил во полиција. Министерот Тошковски апелира граѓаните да не наседнуваат на онлајн потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами.

  • Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам оргомна загриженост за ваков што се случува по не знам кој пат во земјава. И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, а оние што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да истражиме и соодветно да постапиме“, истакна министерот по прес-конференцијата по повод 100 дена од новата Влада.

Ваква слична измама во Македонија полицијата забележала и пред две години кога граѓаните повторно наседнале на апликација која наводно ќе ги збогати за на крај да останат  без вложените средства.