Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Конституиран новиот Совет на Општина Карпош

Денеска, 13.11.2025 година се одржа првата (конститутивна) седница на Советот на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, 13.11.2025 година се одржа првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Карпош. По интонирањето на македонската химна, седницата ја отвори досегашниот претседател на Советот, Бранко Ристов, кој им се заблагодари на советниците од минатиот мандат за соработката, а на новите им посака успешна работа, добар дијалог и многу конструктивни дебати. Оттука, претседателката на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања, Андријана Јакимовска Панчевска, ги верифицираше мандатите на 27 новоизбрани членови на Советот на Општина Карпош, по што советниците положија свечена заклетва, информира Општина Карпош во соопштение.

Во оваа пригода, со поздравен говор пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој најави дека општината влегува во нова етапа на одговорност, почит и работа.

– „Денес не зборуваме за политичка победа. Зборуваме за доверба — довербата што ни ја дадоа граѓаните на Карпош. Тоа не е само резултат на избори, тоа е порака дека сакаат промени, ред, сигурност и живот со вистински вредности. Верувам дека вистинското лидерство не е во тоа да победиш противник, туку да создадеш средина во која сите победуваат. Имаме можност за достоинствен почеток – време кога, без разлика на политичките идеологии, сите заедно ја преземаме одговорноста да работиме за доброто на нашите сограѓани – посочи Лукровски.

Реклама

Првиот човек на Општината им вети на советниците дека ќе биде секогаш достапен за нив, кога е потребна соработка и изнаоѓање на соодветни решенија во корист на карпошани.

– „Верувам и ветувам дека заедно, низ дијалог и почит, ќе изградиме локална самоуправа која ќе се развива рамномерно, со современа инфраструктура, чиста животна средина, поддршка за образованието, културата, спортот и социјалната заштита. Нашата заедничка цел мора да биде едноставна, но голема. Карпош да биде место каде граѓаните живеат достоинствено, каде институциите се отворени, и каде гласот на секој жител се слуша и се почитува. Јас сум убеден дека со континуирана работа ќе го трансформираме нашиот Карпош, кој ќе биде општина за пример!“ – додаде Лукровски.

Во продолжение на конститутивната седница, со мнозинство гласови од советниците беше избран Христо Саракинов, кој во наредниот четиригодишен мандат ќе ја извршува функцијата претседател на Советот на Општина Карпош.

– „Им благодарам од сé срце на советниците и на градоначалникот Сотир Лукровски за укажаната доверба. Оваа функција за мене претставува чест но исто така и обврска да се залагам за еден отворен и достапен Совет, кој ќе функционира на темелите на заемна почит и соработка. Како прв меѓу еднаквите, безрезервно ќе се залагам за отворање и разгледување на конструктивни предлози и проекти, кои ќе го подигнат животниот стандард на нашите сограѓани“ – истакна Саракинов.

Во таа насока, Саракинов веднаш ја презеде својата обврска како претседавач со општинскиот Совет и ги проследи останатите точки од денешниот дневен ред. По разгледување на предложените Решенија, советниците избраа претседатели и членови на 11 Комисии, кои во претсојниот мандат ќе заседаваат и работат во функција на Советот на Општина Карпош. По изгласување на овие точки беше исцрпен дневниот ред, при што финишираше и конститутивната седница на новоизбраниот Совет на Општина Карпош.