Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Конференција „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“

Јавното обвинителство на Македонија во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ денеска во Скопје организира конференција „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“. – Конференцијата има меѓународен карактер и на неа ќе биде презентирана новата Комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026-2028 година, како и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство на Македонија во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ денеска во Скопје организира конференција „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“.

– Конференцијата има меѓународен карактер и на неа ќе биде презентирана новата Комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026-2028 година, како и Акцискиот план и активностите за нејзина имплементација. Стратешкото планирање на комуникацијата е еден од основните изрази на посветеноста на Јавното обвинителство за дополнително зголемување на довербата на јавноста во јавнообвинителската работа, информира прес-службата на Јавното обвинителство.

Оттаму најавуваат дека настанот ќе ги собере претставниците на Јавното обвинителство, на медиумите, како и меѓународни и национални експерти кои треба да дискутираат за важноста на стратешкиот пристап кон транспарентноста на Обвинителството и комуникацијата со јавноста за предметите од висок јавен интерес.

Реклама

На конференцијата ќе се обратат државниот јавен обвинител  Ненад Савески, како и Елвин Вели, претседател на Здружението на јавните обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Гжегож Борковски, судија, лидер на компонента за правосудство, „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.