Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Скопје

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото.

Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на Комитетот за меѓународни судски односи во САД и член на Советодавниот одбор на CEELI Институтот, Барингтон Паркер, виш окружен судија од САД и Роберт Р. Странг, извршен директор на Институтот CEELI.

На свеченото отворање, како што наведува организаторот, ќе се обратат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова,  Африм Фидани, претседател на Врховниот суд на Македонија, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, како и Дејвид Кемпбел, Роберт Странг и Гжегож Борковски од Проектот на ЕУ за поддршка на владеењето на правото.

Реклама

Во рамки на конференцијата предвидени се пет сесии. Првата ќе биде посветена на довербата на јавноста во судството, на втората сесија ќе се разговара за независноста на судството, а на третата за примената на правото од европските судови во домашниот правен поредок (Суд на правдата на Европската Унија и Европски суд за човекови права). Четвртата сесија е посветена на сегашните и идните примени на вештачката интелигенција во судските постапки и судската администрација, а петтата на комуницирањето на судовите со јавноста за прашања од јавен интерес.