Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Конески: СДММ тоне во безидејност, наместо предлози и поддршка на младите, тие се занимаваат со некрофилство

СДММ по стапките на нивните ментори, тонејќи во безидејност и немање политики…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДММ по стапките на нивните ментори, тонејќи во безидејност и немање политики за младите, се занимаваат со некрофилство. Немањето на идеи, предлози, аргументирани критики, туку само ад хок напади врз власта, ги доведува на она место коешто се денес, а тоа е во длабока опозиција, изјави на денешната прес-конференција Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека според Законот, членот 31 предвидува за забрана за употреба во затворени простории.

-Да е уште потрагично, пратениците или оние коишто им ги пишуваат пресовите, не ги читаат Законите до крај. Бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од третата категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продаваат на физички лица, коишто не треба да имаат дозвола за ракување и доаѓаат со упатство за употреба. Притоа, мора да потенцираме дека ги испочитувавме сите параметри и предвидени законски норми за одржувањето на настанот. Пред одржувањето на настанот, ги известивме МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, сите кои беа просутни за време на одржувањето на настанот.

Реклама

СДММ наместо некрофилство и безидејност, треба да одговори, зошто вака не беа гласни за Модуларната болница, за Онкологија, за Дурмо турс, за Беса транс? Зошто не беа гласни кога нивните претседатели на партијата ветуваа многу проекти за млади, но ништо не остварија. Зошто не беа гласни кога се ветуваа студентски домови, нови факултети, нови вработувања за младите, нови стипендии, туку се тоа беше укинато. Зошто не прашаа каде се гугл, фејсбук и ветената стаза за Формула 1? Зошто не го прашаа Заев од каде му се парите за инвестиции за висококатници во Дубаи и акциите во индиска авиокомпанија? Зошто не го прашаа Филипче од каде му е златната виза за Дубаи?

Во времето на власт на СДСМ, видовме одбивност од нивната страна за граѓаните. Од друга страна, сега имаме конкретни мерки за младите. Реконструкција на студентски домови, нови факултети и реконструкција на постоечките, нови училишта и реконструкција на голем дел на постоечките училишта и капацитети за учениците, поддршка на младите земјоделци, поддршка на старт ап бизнисите, поддршка за младите при купувањето на свој нов дом исто така нов оперативен план за вработување на младите, сите се проекти кои СДСМ не успеа да ги оствари за време на нивното владеење.

СДСМ и СДММ да не се срамат во јавноста, пред да кажат нешто два пати да размислат, истакна Конески.