Реклама
Економија

Конечно пресврт и во економијата: Промената на власта ги промени и економските текови во Македонија

2024-та – преломна година во политиката, но и во економијата – тројца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2024-та – преломна година во политиката, но и во економијата – тројца премиери, две политички и една техничка Влада. Започна со песимизам, заврши со оптимизам, стопанството беше во грч во првото полугодие, пред се заради изборите но и заради надворешните притисоци, промената на власта ги промени и економските текови во Македонија.

На почетокот на годината Владата се бореше со инфлацијата со замрзнување на цените и се фалеше дека никогаш не било подобро – пред време го исполниеле ветувањето за просечна плата од 500 евра.

Предвремено го реализиравме ветувањето за 500 евра плата, денес просечната плата е 630 евра – рече Ковачевски.

Реклама

Но, колку вредеа тие 500 евра? Дури и храната стана луксуз за многумина.

Власта во заминување се погрижи за своите партиски кадри. Во десетици државни институции никнаа десетици огласи за вработување во првите денови од новата година

Од друга страна пак дел од административците на улица бараа да не се изгласа новиот закон со кој стравуваа дека нема да добијат покачувања согласно растот на минималецот.

По изборите новата влада ги послуша работниците и овој закон го врати на доработка.

Последната година од мандатот на СДСМ и ДУИ ја одбележа и обидот да се склучат четири договори за таканаречените стратешки проекти. Законите стигнаа во Собрание под превезот на европското знаменце, а најспорен беше оној кој ќе ја дозволеше изградбата на комбинирана гасна централа од страна на грчки Митилинеос. На крајот се откажаа, но не поради притисокот од јавноста и од експертите туку поради коалициски препкувања – кој да го има ќарот од овие проекти.

Се формираше техничката Влада, време во кое се открија многу податоци. Народните пари се трошеле како да нема утре.

По изборите, новата Влада со нови политики. Стартуваше амбициозно – со големи планови и со најави за инвестиции.

После шест месеци, епилогот е 800 милиони евра инвестиции и најава за 2.800 вработувања

Еден од првите предизвици беше притисокот за зголемување на цената на струјата. Со законски измени се спречи ценовен шок за граѓаните.

Сериозен предизвик беше прекројувањето на државната каса. Излезе на виделина „пустошот“ кој зад себе го оставиле СДСМ и ДУИ  – немало предвидено пари за тековни трошоци, ниту за плати и пензии, немало за покачувања, изгледа имало само за тендери. Владата ги пополни дупките, ги скрати непродуктивните трошоци и со пренамена на средства успеа да обезбеди повеќе пари за плати, пензии, за бизнисите

Затоа првиот буџет кој го креираше Владата на ВМРО – ДПМНЕ е проектиран на економски раст и развој, капитални инвестиции, повеќе пари за граѓаните. Се обезбедија повисоки плати за наставниците, за здравствените работници ,за повисокиот минималец од март, како и раст на пензиите

Сериозна финансиска инекција доаѓа со вложување во општините и бизнисот. 500 милиони евра во вид на заем од Унгарија по многу поволни услови Македонија ги наменува за инвестиции во градовите и селата и пред се во производствените компании…..Со овие пари ќе се поттикне инвестициски циклус со што ќе се зголеми нивото на капитални инвестиции, а  Владата  очекува дека економијата ќе заживее и конечно ќе има раст над 3 отсто.

Додека се чекаат свежите пари, Владата веќе работи на колку – толку олеснување на граѓаните.  Ограничување на маржите имаше со таканаречената Есенска кошничка , а сеуште на сила е и Новогодишната кошничка која има над 1000 производи.

Она што е новина е дека Владата отворено посочи до трговците дека не дозволува манипулација со граѓаните

Видлива стана и градежната офанзива, процесите кои со години биле закочени сега конечно почнуваат да се реализираат и тоа со забрзано темпо

Сигурно е дека пред економските ресори стојат сериозни предизвици и ветувања кои граѓаните очекуваат да бидат реализирани. Самиот старт на 2025 носи расчистување на долгови, доспева еврообврзницата, а Македонија обезбеди пари од Унгарија за да ја врати.

Дел од желбите во 2024-та беа исплнети, но за 2025-та остануваат уште многу – повисоки плати и пензии за граѓаните, повеќе работа за компаниите, подобра инфраструктура за сите.