Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Концерт на пијанистот Гордан Спасовски во рамки на циклус на џез концерти со врвни македонски  музичари – „JAZZOTERIA“ 

Концерт на пијанистот Гордан Спасовски ќе се одржи денеска во аудиоцентарот Аудиокултура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Концерт на пијанистот Гордан Спасовски ќе се одржи денеска во аудиоцентарот Аудиокултура Скопје во рамки на циклусот џез концерти со врвни македонски  музичари – „JAZZOTERIA“.

Како што соопшти продуцентската куќа Трето Уво со цел поголема промоција и афирмација на современата македонска џез сцена организира циклус концерти под наслов JAZZOTERIA. Станува збор за шест ексклузивни настапи на врвни македонски џез музичари: Гордан Спасовски, Дуња Иванова, Тони Китановски, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Ѓоле Максимовски, што ќе се одржат во аудиоцентарот Аудиокултура Скопје

„JAZZOTERIA“ претставува интимен и автентичен музички формат, во кој секој од уметниците ќе се има свој соло рецитал, откривајќи ја личната музичка визија, импровизацијата и креативната слобода што ја носи џезот, се наведува во соопштението и се додава дека публиката ќе има ретка можност да ги слушне овие исклучителни музичари во блиска и акустично совршена атмосфера.

Реклама

„JAZZOTERIA“ има цел да поттикне промоцијата и популаризацијата на сè поквалитетната македонска џез сцена, која во последните години се развива со силна креативна енергија и со музичари што се препознатливи и надвор од земјата. Преку овие концерти се отвора простор за директна комуникација меѓу уметниците и публиката, како и за ново доживување на современиот џез израз – вели Иво Јанкоски продуцент н проектот.

-Организатор на циклусот е продуцентската куќа Трето Уво, која со години активно делува на македонската музичка сцена преку организација на концерти, фестивали и музички проекти. Трето Уво е етаблиран како значаен двигател во промоцијата на современата македонска музика, особено во нејзиното претставување пред меѓународната публика и културните сцени надвор од земјата – се додава во соопштението.

Циклусот на џез концерти „JAZZOTERIA“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.