Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Комисијата за финансирање и буџет на средба со претставници на ЦЕА

Во Собранието денеска се одржа работна средба на членовите на Комисијата за финансирање и буџет со претставници на Центарот за економски анализи (ЦЕА), на тема „Зајакнување на улогата на Собранието во подобрување на транспарентноста, вклучувањето на јавноста и надзорот врз буџетот“. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, пoкрај претседателката на Комисијата Сања Лукаревска […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска се одржа работна средба на членовите на Комисијата за финансирање и буџет со претставници на Центарот за економски анализи (ЦЕА), на тема „Зајакнување на улогата на Собранието во подобрување на транспарентноста, вклучувањето на јавноста и надзорот врз буџетот“.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, пoкрај претседателката на Комисијата Сања Лукаревска и заменик-претседателката Јованка Тренчевска, присуствуваа и членовите на Комисијата Игор Здравковски, Јулија Тушевска и Фатмир Битиќи, заменикот-членот Александар Јамалов како и пратеникот Златко Пенков.

Претседателката на Комисијата, Лукаревска, изразила подготвеност за продлабочување на соработката меѓу Комисијата и Центарот за економски анализи, со цел унапредување на парламентарниот надзор и зголемување на транспарентноста во процесот на буџетирање.

Реклама

Претставничката на Центарот за економски анализи, Весна Гарванлиева-Андонова, се осврнала на наодите и препораките од анализите поврзани со фискалната транспарентност, вклучувањето на јавноста во буџетските процеси и надзорот врз јавните финансии. Таа ги презентираше состојбите во однос на фискалната стратегија на државата, како и степенот на достапност на буџетските документи за пошироката јавност.

Присутните, се вели во соопштението, се согласиле дека транспарентното управување со јавните финансии, навременото информирање на граѓаните и ефективниот парламентарен надзор претставуваат клучни предуслови за зајакнување на довербата во институциите и за обезбедување одговорно и отчетно трошење на буџетските средства.