Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Комеморативен настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема. Не можевме да ги заштитиме од смртта, но можеме да го зачуваме споменот за нив, да споменуваме дека имаме чета ангели на небото, кои се молат за нас, и да се гордееме што ги имавме со нас на земјата како наши чеда, браќа и сестри, роднини, пријатели. Ова беше пораката од денешниот комеморативен настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани на одбележувањето на годишнината од трагичниот настан. 

– Песната во грло им беше кога заминаа и додека тие со песна беа дочекани горе, нам само тагата ни остана… затоа пејте ни ангели… Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска-Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев. 

Почивајте во мир. Никогаш нема да бидете заборавени и ќе живеете во нашите срца – беше порачано на комеморацијата на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс”. 

Реклама

Со немо сведоштво за неисполнетите животни страници и празнината што ја оставија зад себе идните инженери, фудбалери, лекари, фотографи, музичари, програмери… во тага и солзи беше преполната сала во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. 

– Изгубивме идни инженери, доктори, бизнисмени, наставници, занаетчии, работници, идни мајки и татковци. Изгубивме цела генерација млади луѓе, кои требаше да бидат иднината на нашата држава. Трагедијата што го потресе Кочани е рана за целото наше општество. Таа сите нè направи кревки и ранливи, нè соочи со смртта одблиску и ни покажа колку е тенка границата помеѓу животот и смртта, колку е непредвидлив животот и колку е нужно да се избегнува сето зло на земјата и да се следи доброто, колку сме си важни едни на други и во добро и во зло – беше посочено на комеморацијата.

На годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, Општина Кочани, заедно со Здружението „16 март 2025 година – Кочани“, во соработка со Црвниот крст – Кочани, им оддава должна почит на сите што ги загубија животите во страшната трагедија.