Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Колев: Два нови кружни тека и реконструкција на патни правци во Велес

Марко Колев, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Велес од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марко Колев, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ говореше за програмата и истакна дека истата произлегува од вистинските потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.

„Сме во завршна фаза на проектирање и распишување на тендер за нов мост во близина на Башино село. Дополнително, планираме изградба на обиколница со шест влеза, за да можат нашите сограѓани да ја користат оваа обиколница, но секако да ги извадиме сите тешки товарни возила надвор од градот, за којшто веќе  имаме подготвено идеен проект и се работи проектирањето“, вели Колев.

Kолев ги најави проектите кои ќе се реализират во Велес, како изградба на два кружни тека, реконструкција на патни правци и изградба на подземна катна гаража со 100 паркинг места.

Реклама

„Два кружни тека, едниот е кај Костурница, другиот кај Башино Село. Реконструкција на многу патни правци, во градот и надвор од градот. Исто така довршување на трите паркинг места којшто во моментов Општината ги гради. Подземната катна гаража во централното градско подрачје за околу 100 возила. Во близина на кејот се гради уште еден паркинг за околу 50 возила и во моментот се гради уште еден паркинг за околу 100 возила“, заклучи Колев.