Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Коледарите први ја најавија радосната вест за Христовото раѓање

Утрово, сите домаќинки со радост ги дочекаа коледарчињата кои со песни, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрово, сите домаќинки со радост ги дочекаа коледарчињата кои со песни, од врата на врата го најавија Христовото раѓање. За убавата вест ги даруваа со колачиња, ореви, костени и по некоја паричка, откако ќе ги наполнеа торбите со посластици, децата продолжуваа понатаму за да ја шират радосната вест.

„На Коледе рано стануваме и одиме по куќите, каде со песна ја кажуваме радосната вест за Христовото раѓање и домаќинките нас не послужуваат со овошје, оревчиња и многу други работи. Вечер е Бадник, кога е раѓањето на нашиот Исус Христос, нашиот Спасител“ велат дечињата

Домаќинките ги испочитуваа обичаите кои се негуваат со векокви. За нив полниот двор со дечиња, кои во еден глас ги пеат коледарските песни, е предвесник дека годината ќе биде среќна и  бериќетна.

Реклама

„Денеска е најубавиот ден. Дворовите ни се полни со дечиња. Чувството е преголемо и за нив и за нас возрасните„ изјави Гордана Плешкова.

„За домаќинките полните дворови со деца значат бериќетна година. Господ нека дава здравје на дечињата и многу среќа„ изјави Илинка Устичкова

Пеејќи ја песната за „Вечниот Бог“, над 500 дечиња со ѕвезди во рацете утринава  и во Штип го најавија Христовото раѓање. Тие беа дел од Бадниковата поворка, која се одржува осма година по ред.

Александра Ристевска