Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Кој кого ќе поддржи? – СДСМ и ДУИ „сами на изветрина“, Силјановска Давкова може да очекува поддршка од тие што отпаднаа

Гласовите на Билјана Ванковска, Максим Димитриевски, Арбен Таравари се очекува да завршат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гласовите на Билјана Ванковска, Максим Димитриевски, Арбен Таравари се очекува да завршат на контото на Гордана Силјановска Давкова. Експертите сметаат дека и оние кои не излегле на гласање во првиот круг, поттикнати од победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ веројатно ќе го заокружат бројот 2. За две недели, се прогнозира пресликување на истото сценарио.

Голем број од гласовите за Левица и ЗНАМ би оделе за Силјановска Давкова. Она што е евидентно е бројот на гласачи кои не излегоа. Тие може да изненадат, но треба да се земе предвид психолошкиот момент од победникот во прв круг и да се прелеат гласовите на контото на професорката. Веројатноста да се добие гласови од албанскиот блок е помала поради различните реторики, и таа поддршка би зависела од комбинаториките за владина коалиција – вели директорот на Инситут за Демократија „Социетас Цивилис“, Марко Трошановски.


По повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за седржавно обединување и разговорот што го имал со Арбен Таравари, се очекува Коалицијата „Вреди“ да соопшти дали ќе ја поддржи Силјановска Давкова. Проопозициското расположение се докажа на првиот круг од претседателските избори и поради тоа, упатените очекуваат дека гласовите дадени за кандидатите на опозициски партии, ќе се прелеат кај Силјановска Давкова. Дури и двете албански партии да го поддржат кандидатот на СДСМ Пендаровски, што е многу малку веројатно, тешко дека ќе се промени исходот на вториот круг.


Ваквата излезност е за поздравување. Релевантните анкети го покажаа резултатот. Многу тешко ќе може да се надомести оваа разлика од дури 180.000 гласови. Дури и две партии да го поддржат Пендаровски, Вреди и ДУИ, што е нелогично, тешко би било да се смени исходот. Но што правиме со останатите партии? Се очекува да се преслика оваа ситуација, иако партиите ги немаат гласовите во џеб да ги дадат за некого, ќе се прелеат гласовите, секако– вели директорот на Македонски центар за меѓународна соработка, Александар Кржаловски.

Реклама

Вториот круг на претседателските избори ќе се одржи заедно со парламентарните, на 8 мај. Поради тоа се очекува да има уште поголема излезност и забетонирана победа на Гордана Силјановска Давкова, која во првиот круг води во 60 општини, во однос на нејзиниот против кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски кој победи во три општини.