Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Кој ќе биде кандидат за претседател на СДСМ, зависи од ДУИ и Алијанса на Албанците?

Внатрепартиските битки за претседателски кандидати се разжестуваат, особено во блокот на СДСМ.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Внатрепартиските битки за претседателски кандидати се разжестуваат, особено во блокот на СДСМ. Еден куп комбинаторики, задкулисни игри, групирања, имиња, а потребен е само еден кандидат. Кој ќе биде, зависи од многу прашања… Како ќе настапат социјал-демократите на изборите, дали сами, дали со ДУИ или пак ем со ДУИ ем со Алијанса на Албанците? Дали амбициите внатре на социјл-демократите се насочени токму кон претседателска кандидатура или пак можеби се обид за добивање на помоќна функција во  партијата?

Главните имиња кои се споменуваат се актуелниот претседател Пендаровски, но и министерот Спасовски, за кого се погласни се шпекулациите дека се уште не може да се одлучи дали сака да го замени Педнаровски како кандидат за претседател или пак Ковачевски како лидер на СДСМ.

Актуелниот претседател Пендаровски, се очекува да ја соопшти одлуката на крајот на јануари или почетокот на февруари, најверојатно пред изборот на кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ закажан за конвенција на 2 март.

Реклама

Според Пендаровски, потребна е поддршка од партија затоа што, рече, „независен кандидат никогаш  во историјата на Македонија не победил“ исто како што „многу тешко може да победи и чисто партиски кандидат“.

Ако постојат потентни политички  партии, секако не на ниво како во 2019 зашто тоа е невозможно, но партии кои ќе сакаат да ми ја дадат поддршката и ако тука може да се направи комбинација меѓу она што значи граѓанска Македонија и партиска Македонија, мислам дека шансите се сериозни…., вели Стево Пендаровски – претседател на државата.

Но не се само овие имиња од СДСМ во игра, тука е и поранешната министерка за одбрана Шекеринска, како и уште неколку функционери блиски до Заев, но и блиски до Зечевиќ.

Секако се ќе зависи од тоа како партијата ќе настапи на изборите, дали самостојно или со ДУИ. Избори за Алфа брифираат дека социјал-демократите се молат интегративиците да ја прифатат нивата понуда и заедно да настапат на претседателските избори, но по се изгледа дека партијата на Ахмети прави нови калкулации и е голема можноста да настапат самостојно.

Албанската опоцизија веќе донесе одлука дека БЕСА, Алтернатива и партијата на Меџити ќе одат со заеднички кандиат за претседател. Останува да виси Алијанса и нивната одлука, дали би оделе сами или пак во некакво здружување на сили со други партии.

Партијата на Мицкоски, односно ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нивниот кандидат ќе се бира на конвенција и тогаш ќе се знае името, оти се ќе зависи од гласовите на делагатите.