Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Кој е Tим Волц – Кандидатот на демократите и Камала Харис за потпретседател на САД?

Демократскиот кандидат за потпретседател Тим Волц ја поминал првата половина од својот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократскиот кандидат за потпретседател Тим Волц ја поминал првата половина од својот живот во овој рурален дел на Небраска… на околу пет часа возење од најблискиот голем аеродром. Овде, силосите за жито, се нешто што често го гледате. Некои луѓе овде гледаат дел од себе во кандидатот за потпретседател.

„Кога ќе го видам на телевизија, не ме потсетува на политичар. Тој ме потсетува на омилениот наставник во училиште, бидејќи тој навистина инвестирал во својата заедница и неговите ученици. Тој навистина има висок морален компас и добри морални вредности“.

Волц е роден во Вест Поинт, Небраска, а детството го поминал во Валентин, со население од 2.600 жители … далеку од политиката.

Реклама

„Ја следевме кариерата на Тим, претпоставувам малку од далечина. Овој чекор… веројатно не видовме дека доаѓа!“

Кога Волц бил тинејџер, дијагнозата на рак на белите дробови на неговиот татко го поттикнала семејството да се пресели 160 километри на север, поблиску до поширокото семејство.

„Пораснав во Бјут, Небраска, град со 400 жители. Имав 24 ученици во мојот клас во средното училиште“.

Членовите на семејството на Волц сè уште живеат во областа. Неговиот вујко, пензионираниот фармер Џером Рејман, вели дека планира да гласа за својот внук, но додава дека е малку загрижен дека малограѓанското дете, е премногу љубезно да се соочи со предизвиците на големиот свет.

„Тој беше просечно дете, мислам… тој беше добар човек. Сакаше спорт. Тим нема да биде доволно строг за Путин, тоа ме загрижува“.

Растејќи во руралниот Среден Запад, Волц станал страствен рибар и ловец, без да ја крие љубовта кон оружјето. Маскирната капа на Волц беше прифатена како  „земјениот пат на демократите“.

„Камуфлажата и ловот ја претставува Небраска, претпоставувам. И, во оваа трка тоа го користиме“.

Следејќи ги стапките на неговиот татко, ветеран од Корејската војна, Волц се приклучи на Националната гарда на 17-годишна возраст, служејќи 24 години.

Но, за некои рурални гласачи, воената служба и историјата на поседување оружје на Волц, не значи дека тој ги дели истите вредности.

„Не, воопшто. Тој лаже. Правото за вториот амандман – нема да му го одземам оружјето како што се обидуваат тие да ни направат нам!“

Волц, исто така, ги поддржува правата за абортус, што го става во судир со многумина во конзервативната Небраска, каде што некои цркви имаат споменици за неродените, а градовите се преполни со знаци против абортус.

„Најважното прашање за мене отсекогаш било про-животот. Кој и да е за живот, за него гласам. Тој нема да го добие мојот глас“.

Волц дипломираше на државниот колеџ Чадрон, во град каде што поранешниот претседател Доналд Трамп се чини дека е популарен. Администрацијата на колеџот неодамна мораше да го симне неговото знаме од кампањата, откако некој го истакна покрај знамето на САД во кампусот.

Мајлс Банан, жител на Чадрон, вели дека локалните корени на Тим Волц не мора да значат и поддршка.

„Има многу семејства кои не зборуваат многу за политика бидејќи има многу несогласувања. Мислам дека има многу луѓе кои не мислат лошо за него, но тоа можеби нема да го промени начинот на кој тие ќе гласаат“.

Некои овде велат дека Волц и дава „15 минути слава“ на руралната Небраска. Но, во оваа конзервативна американска држава, заедничките корени не се гаранција дека ќе гласаат за него.