Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Кога животот не е на твоја страна

Судбината продолжува да се подигрува со животот на 21годишната девојка којашто брутално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судбината продолжува да се подигрува со животот на 21годишната девојка којашто брутално беше претепана од двајца штипјани . Притисокот и проблемите со кои во изминатиот период се соочуваше семејство беа премногу за нејзиниот татко. Неговото срце не издржа. Единствената поткрепа на девојката замина, но зад себе остави долгови кон банките кои 21-годишната штипјанка не може да ги плати.
Таа остана сама. Пред да почине татко и, мајка и е згрижена во психијатриска установа. Единствена поткрепа во овие тешки моменти е семејството на чичко и. Алфа стапи во контакт со ного. Не сака јавно да зборува, образложувајки дека душевната болка и состојбата во која се наога неговата внука е многу тешка. Потврди дека и е потребна финансиска помош, затоа што наследила кредити во висина од над 200.000денари. во куќата во која живее девојката треба да се изведе дополнителен приклучок за струја, а за тоа се потребни пари кои таа не може да ги плати бидејки е неврботена, објснува чичкото
Единствена светла точка во сивилото што и го нуди животот е, да си го врати едногодишното дете, кое е дадено на згрижување. За алфа вели дека тоа и е мотивација да продолжи со животот понатаму. Прв чекор до реализирање на желбата е вработување. Објаснува дека живее во страв. Тврди дека добива закани по живот од двајцата насилници.
Во случајот активно со правна помош се вклучени невладината организација ЕХО и социјалните работници од штипскиот Центар за социјални работи. Доделена и е еднократна парична помош, а со од вчера, ќе биде корисник на социјална помош во висина од 4000денари. Преку Агенцијата за вработување се прават напори да и се обезбеди и вработување..
Девојката,вниманието на јавноста го првличе откако минатиот месец на социјалните мрежи се појави видео клип каде што се гледа како крвнички ја тепаат во влез на зграда. Двајцата сторители експресно беа откриено, а судот им изрече казна во висина од по 2,6години.

Александра Ристевска

Реклама