Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Коцевски: Доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, Ѓорѓиевски е надлежен и тоа може да го пријави

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави, вели Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан дали Обвинителствот ќе постапува по допрен глас по изјавите дека имало злоупотреби во јавните претпријатија. 

Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека Јавното обвинителство и досега така постапувало, и „доколку навистина има злоупотреби“, ние „стоиме на располагање“.

-Во однос на изјавите на градоначалникот дека Јавното обвинителство треба по допрен глас, само ќе кажам дека тој како градоначалник доколку има докази е надлежен и тоа може да го пријави на надлежните органи, да ги донесе тие документи, евентуално што го има, во Јавното обвинителство. И, досега Јавното обвинителство, така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму и доколку навистина има злоупотреби, ние немаме проблем, стоиме на располагање, изјави Коцевски. 

Реклама

Прашан до каде е истрагата за директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Коцевски рече дека постапката е во тек и не може да каже детали. 

– Постапката е во тек, не можам да кажам детали. Она што ќе биде актуелно и интересно за јавноста, ќе добиете информации од нашата инфо служба, рече Коцевси. 

Во однос на случајот со поткупот за ИПАРД фондовите и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека имаат индиции и за други злоупотреби со овие фондови, Коцевски рече дека секоја предистрага е тајна и дека во овој момент не може да споделува повеќе детали. 

-Овој предмет се водеше неколку месеци и го истражувавме. Дадовме наредби и успеавме да се обезбедат докази и сами знаете имаше неколку обвинети, за кои се започна и истражна постапка. Притворот е определен за неколку обвинети. Ќе видиме понатаму што, во овој момент не можеме ништо да кажеме и споделуваме детали околу таа постапка, рече Коцевски.