Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Коцев: Ќе ставиме акцент на туризмот, Зрновци ќе добие етно парк, современ туристички и културно-рекреативен комплекс

„Зад нас е период во којшто реализиравме огромен број проекти, во изминатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Зад нас е период во којшто реализиравме огромен број проекти, во изминатите четири години заедно изградивме, заживеавме многу нешта. Заедно изградивме силна, посветена и обединета приказна за нашата општина Зрновци“, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Борчо Коцев на денешниот митинг во Зрновци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Коцев посочи дека изминатиот мандат има изградено нови локални патишта, реконструирано улици, како и спортски и културни центри.

„Изградивме нови локални патишта, реконструиравме дваесетина улици, асвалтиравме и проширивме значителни раскрсници, обезбедивме нови паркинг простори на повеќе локации. Жителите добија безбедни улици, земјоделците современ пристап до земјоделски земјишта, а општина Зрновци нов модерен урбан лик. Со новите тротоари и бетонирани пешачки патеки, добивме проширување на улиците, сигурна зона за пешаците, уреден административен влез на општина Зрновци, но уште поважно добивме нов дух и енергија“, посочи Коцев.

Реклама

Коцев истакна дека во новиот мандат со уште поголема одговорност, Зрновци ќе продолжи да се развива и да оди напред како и дека ќе претставува пример за развој, урбанизација и квалитетен живот.

„Во новиот мандат продолжуваме уште посилно, со уште поголема одговорност и со појасна визија, да ја направиме општина Зрновци пример за развој, урбанизација и квалитетен живот“, вели Коцев.

Тој додаде дека новата програма е сеопфатна и опфаќа инфраструктура, комунални услуги, како и земјоделие, образование, социјална заштита, па се до култура, туризам и екологија. Коцев го претстави проектот етно парк кој ќе претставува уникатен спој на македонската етно традиција со модерни содржини, создавајќи простор за сите генерации и отворајќи нови перспективи за економски развој на општината.

„Проектот претставува уникатен спој на македонската етно традиција со модерни содржини, создавајќи простор за сите генерации и отворајќи нови перспективи за економски развој на општината. Етно паркот ќе вклучува: детско игралиште со современи и безбедни реквизити, велосипедски полигон за деца, сместувачки капацитети,ресторанот со етно кујна и дегустации на локални производи, летна сцена за настани, концерти и манифестации, летна бавча со фонтана“, истакна Коцев.

На крај, Коцев порача граѓаните на 19 октомври да гласаат за својата иднина, за проекти и дела и ги повика да излезат масовно и обединето да гласаат за бројот 9, за него и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ве повикувам на денот на изборите 19 Октомври да излеземе масовно да гласаме за Твојот Човек, за Твоето Место, За Твојата Иднина, да гласаме за развој за развој и просперитет на општина Зрновци, за ВМРО-ДПМНЕ, да гласаме за Македонија“, заклучи Коцев.