Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Кочани се вклучува во проектот „Вештини – клучот на зелената економија“

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина Бошевска, денеска потпишаа меморандум за соработка за проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, што го поддржува Амбасадата на Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Словенија.

-Во фокусот на проектот се обуки за развој на вештините кај младите за економско и социолошко зајакнување, развој на претприемачките капацитети преку поврзување со природното, традиционалното и културно наследство и во насока на развојот на зелената економија, наведено е во соопштението од Општината.

Реализацијата на проектот во Кочани ќе биде насочена кон вклучување на млади невработени луѓе и на настрадани во трагедијата во „Пулс“. Учесниците ќе се обучуваат за стекнување вештини поврзани со билки и шумски плодови, дизајн на домашни градини и за едукација за капацитетите на природата.