Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Кочани конечно ќе добие дом за стари лица

По години чекање Кочани, е на чекор да добие Дом за стари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години чекање Кочани, е на чекор да добие Дом за стари лица. Проектот досега постоеше само на хартија и беше дел од речиси сите изборни ветувања, а сега влегува во завршна фаза на подготовка. Домот ќе има 141легла и ќе се гради во кругот на поранешната касарна. Ќе биде современ центар за социјална и здравствена грижа на граѓаните од третата доба. Неговата изградба ќе чини 226милиони денари, средства обезбедени од унгарскиот кредит. Од Општина Кочани, велат дека по отварањето на понудите, ќе следи избор за најповолен изведувач, по што конечно ќе започне реализацијата на еден од најзначајните социјални проекти во регионот.

  „На 15јануари ги отворивме понудите и имаме пет понуди .Во текот на наредната недела ќе се разгледува документацијата и ќе се воспостави негативна аукција, односно ќе се оди на намалување на цените за изведба на домот за стари лица во Кочани„ изјави градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

Работите со изградбата на домовите за стари лица во државата конечно тргнаа од место. Во Кавадарци, веќе е потпишан договор за изградба, во Пробиштип, има проект, но треба да се ревидира. Во Штип, се прават напори карабината на идниот Дом за стари лица да се легализира. Поради имотно-правни пречки, објектот се води како дивоградба и изградбата е стопирана повеќе од десет години. Дека приоритет на ресорното министерство е откочувањето на процесот, уште на самиот почеток од годината посочи заменик министерот за социјала Ѓоко Велковски, при неговата посета на Карбинци. .

Реклама

„Треба прво да се разрешат тие правни елементи кои не зависат од нас како министерство, во делот на финансирањето и поддршката. Со градоначалникот ќе разговараме се што е во негова моќ да може да се направи и да се одглави овој процес и да можеме понатаму како министерство и Влада, да ја поддржиме и доизградбата на овој проект„ изјави на 3 јануари, Ѓоко Велковски, министерот за социјална политика, демографија и млади.

Единствениот дом за стари лица во источниот регион  е во Берово и има капацитет да прими 67 граѓани од третата доба. Со оглед на тоа што нема друг дом листата на чекање е голема.