Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Кочани чекор поблиску до државен дом за стари лица

Преку негативна аукција, Општина Кочани успеа да ја намали цената на проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку негативна аукција, Општина Кочани успеа да ја намали цената на проектот за 57 милиони денари. Според градоначалникот Грозданов, ова значи дека се приближува почетокот на градежните активности на еден од најзначајните проекти во источниот регион.

„На 4 февруари ја распишавме негативната аукција за Домот за стари лица. Тројцата апликанти кои учествуваа остварија солиден пад на цената, во висина од 57 милиони денари, во корист на Кочани. Од понудените 266 милиони, аукцијата заврши на 209 милиони денари за изведба на Домот за стари лица“, изјави Владко Грозданов, градоначалник на Кочани.

Домот за стари лица ќе се гради во кругот на поранешната касарна во Кочани, на околу 4.000 квадратни метри, со капацитет од околу 150 легла. Ќе биде на три ката и предвидени се простории за медицинска нега, рекреација и социјални активности, а ќе се користат и геотермалните води. По завршување на законскиот рок за жалби ќе следува потпишување на договорот со избраниот изведувач.

Реклама

„Сега следува период од десет дена за жалби и веднаш по завршување на постапката ќе следува и склучување на договорот за изградба помеѓу општината и изведувачот. На Кочани му треба брза реализација, му треба квалитетен Дом за стари лица со квалитетна изведба“, изјави градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

Во источниот регион единствен Дом за стари лица има само во Берово и со оглед на тоа што нема друг, листата на чекање е голема. Средствата за изградба на Домот во Кочани се обезбедени преку унгарскиот кредит, а објектот ќе биде во државна сопственост и ќе понуди подостапни цени во споредба со приватните домови.