Реклама
Македонија

Кочанчанка осудена за демнење зашто неколку пати одела во полиција незадоволна од инспекторка

Кочанчанка, осудена дека е демнач, откако неколкупати отишла во тамошната Полициска станица,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кочанчанка, осудена дека е демнач, откако неколкупати отишла во тамошната Полициска станица, бидејќи не била задоволна од работата на инспекторка. Инспекторката поднела кривична пријава, а Основниот суд во Кочани,по предлог на Јавното обвинителство во октомври мината година донел пресуда со издаден казнен налог дека кочанчанката, е виновна за демнење и треба да плати парична казна, доколку во наредните две години стори ново кривично дело.  По  приговар на одбраната,сега во тек е судски процес.  

„Станува збор за службено лице, полициски службеник, кој во вршење на својата должност сторил некој деиствија и граѓанинот смета дека не биле согласно законот. Граѓанинот има право доколку смета дека службеникот, не постапува согласно закон да си поведе постапки кои му се дозволени со законските одредби. Тоа се карактериза како демнење, значи одење во јавна институција, поднесување поплаки. Од страна на ЈО, е карактеризирано како демнење и е поднесена кривична пријава„ изјави Елена Гачева, адвокат на тужената.

Во февруари минатата година во Кривичниот законик се воведува нов член 144-а  „Демнење”. Се предвидува парична казна или затвор до пет години, во зависност од стореното дело. Токму и по овој член е осудена кочанчанката. Според Гачева, во нашето општество постои потреба за криминализирање на вакво однесуваање, но останува на ставот дека подигањето на ваков обвинителен акт , како што е нивниот , е преседан. Тврди дека  постои опасност демнењето, како дело да се злоупотребува и со него да се манипулира, попречувајќи го граѓанинот, во потрагата по своите права.

Реклама

  „Одбраната, е апсолутно на став дека одење во државна институција и барање правда, односно барање заштита од страна на граѓанинот, од било која државна институција, апсолутно, категорично во никој случај не смее да биде карактеризирано како демнење. Сметаме дека тоа не смее да се дозволи, дека овој член од Кривичниот законик, треба да биде користен баш за заштита на жени од злоупотреба и насилство од партнери. Односно исклучиво во случаеви во кои навистина има елемтни на тоа кривично дело„ изјави Елена Гачева, адвокат на тужената.

Според адвокатката, предметот на кој работи е по пријава на инспекторка и дејството се случувало во кочанската Полициска станица. Други детали не сакаше да открива, со образложение дека  судската постапка се уште е во тек. Завршните зборови за ова дело се закажани за 7ноември.

Александра Ристевска