Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Коњановски: Долгите на листи на чекање во градинките ќе станат минато

Долгите на листи на чекање во градинките како долгогодишен проблем ќе станат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долгите на листи на чекање во градинките како долгогодишен проблем ќе станат минато, најави денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

– Успеавме да ја доуредиме и ставиме во функција детската градинка во Домот за доенчиња и мали деца, каде овозможиме згрижување на 70 деца и таа функционира. Од друга страна жал ми е што поради состојбата во која ги затекнавме останатите две други нови градинки на крајот на 2021 година со нашето доаѓање, истите не можевме веднаш да ги ставиме во функција. Ги интензивиравме постапките, дури и настојувавме на брзо решавање на проблемите кои не беа во директна наша надлежност. Денес, градинката во Нова Битола е завршена, а се работи на партерно уредување и по комплетното завршување на објектот и добивањето соглаасност од Комисијата при Министерство за социјална политика, демографија и млади, ќе може да се пристапи кон обезбедување на персонал и ставање на градинката во функција. Градинката во Нова Битола има капацитет за згрижување на 153 деца. Со овие објекти се намалува листата на чекање за згрижување на деца во детските градинки и инвестираме во иднината на нашите најмлади, истакна Коњановски.

На прес-конференција во Битола, градоначалникот Коњановски информираше дека градежната сезона е започната, механизацијата е на терен и се работ според планот.

Реклама

– Верувам дека граѓаните ќе ја разберат комплексноста на некои ситуации и ќе имаат трпение да ги сработиме сите проекти. Веќе имаме отпочнати 80 проекти со владина поддршка, во моментот се работи на 21 локација во градот, а паралелно ги работиме и тековните работи, а секако и други проекти кои се финализираат, нагласи Коњановски.

Општина Битола денеска објави јавен повик за поддршка на проекти за млади за што од буџетот ќе бидат издвоени 550.000 денари.