Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Кој ќе остане, а кој ќе биде сменет од функцијата? – почнаа разговорите за владина реконструкција

Посветените ќе останат, неработниците ќе заминат. Почна процесот за реконструкција на Владата. Денеска и утре има интензивни разговори со коалиционите патнери, политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ. Од Владата брифираат дека дека со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посветените ќе останат, неработниците ќе заминат. Почна процесот за реконструкција на Владата. Денеска и утре има интензивни разговори со коалиционите патнери, политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ. Од Владата брифираат дека дека со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не навлегуваат во дополнителни детали. Информираат дека кога ќе бидат постигнати конкретни договори и дефинирани кадровски решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана.

Премиерот Мицкоски на одбележувањето на 36-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица посочи дека внимателно ги следи состојбите во институциите и дека не е задоволен од тоа што дел од функционерите се оддалечуваат од принципите врз кои е формирана Владата. Напомена дека веќе добил забелешки за недоволна достапност на дел од министрите и директорите, како и за тоа дека тие се оддалечиле од секојдневните проблеми и потреби на граѓаните. Тој јасно порача дека Владата е избрана да му служи на народот, а не да ужива во привилегиите.

Очигледно и такви на кои фотелјата им стана помила од контактот со народот, добивам поплаки дека дел од министрите, директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите“ – вели Мицкоски.

Реклама

Кога зборуваше за најавената реконструкција, премиерот Мицкоскинагласи дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапување од принципите врз кои се темели работата на Владата. Исто така, кажа дека нема оправдувања за неисполнети обврски и дека секој што не може да одговори на предизвиците треба чесно да го преиспита своето место во тимот. Најави дека промените ќе значат дека ќе се искористи максимумот од секој поединец.

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски ќе има средба со премиерот утре. Јавниот став на партијата е дека тие се задоволни од работата на нивните министри.

Кадровските смени во Владата доаѓаат по веќе прифатената оставка на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, а неофицијално се зборува и за  можна рокада на ресори меѓу коалициските партнери. Неизвесност постои и околу позицијата на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој се разиде со раководството на ВЛЕН и ја напушти коалицијата.