Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Книга за развојот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од проф. д-р Светомир Шкариќ

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Поглед однатре: Правен факултет Јустинијан Први, 1960-2006“ од универзитетскиот професор, правник и автор во областа на уставното право проф. д-р Светомир Шкариќ. Како што наведува „Или-Или“, книгата претставува уникатно сведоштво за развојот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, виден низ личното искуство на авторот како студент, асистент, професор […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Поглед однатре: Правен факултет Јустинијан Први, 1960-2006“ од универзитетскиот професор, правник и автор во областа на уставното право проф. д-р Светомир Шкариќ.

Како што наведува „Или-Или“, книгата претставува уникатно сведоштво за развојот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, виден низ личното искуство на авторот како студент, асистент, професор и активен учесник во академскиот живот во периодот од 1960 до 2006 година.

-Составена од 28 хронолошки подредени есеи, напишани јасно и непосредно, книгата го отвора погледот кон една страна од факултетот која останала недоволно позната за пошироката јавност. Авторот пишува за своите професори и нивниот придонес во развојот на правната наука, за академската атмосфера во амфитеатрите и предавалните, за научниот развој на факултетот, како и за процесите што го обликувале високото образование во Македонија.  Посебно место во книгата имаат прашањата поврзани со академскиот интегритет, критиката на непотизмот, нерегуларностите во испитните постапки и незаконитото унапредување во повисоки научни звања. Преку лични сведоштва, архивски податоци и непосредни искуства, авторот го анализира периодот на транзицијата од социјализам кон капитализам и нејзиното влијание врз угледот и вредносниот систем на Правниот факултет, информира „Или-Или“.

Реклама

Проф. Шкариќ во воведот истакнува дека книгата претставува „сеќавање како одбрана од заборавот“. Таа е истовремено лична мемоарска хроника, академско сведоштво и повик за зачувување на вредностите врз кои се темели универзитетската заедница.

-Судбината сакала студентскиот живот и целиот работен век да ги поминам на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Тоа ми овозможи факултетот да го видам однатре, од страната која не е позната на пошироката јавност, пишува авторот.