Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Клучката кај Требеништа пуштена во употреба – нов импулс за автопатот Охрид – Кичево

Со пуштање во употреба на најголемата клучка на автопатот Охрид–Кичево кај Требеништа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пуштање во употреба на најголемата клучка на автопатот Охрид–Кичево кај Требеништа, интензивно продолжуваат градежните активности на 57-те километри автопат. Станува збор за четвртата делница во рамки на договорот со Бехтел и Енка, инвестиција вредна десетици милиони евра, која ќе претставува стратешка сообраќајна точка и почеток на идниот автопат кон Ќафасан.

Од денес се става во функција клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид–Кичево. Интензивно се работи и на споредните патишта, кои воопшто не беа предвидени во првичниот проект. Со ова ниту едно од населените места нема да остане неповрзано и ќе има соодветен приклучок на автопатот.

И покрај бројните предизвици, ова е уште една потврда дека ние сакаме да го градиме тој автопат доколку дозволи УНЕСКО, инаку не би ја граделе клучката, вели вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Николоски. Новата клучка нема да значи само побрз проток на сообраќајот, туку и сериозна инвестиција во идниот развој на регионот. Планирано е таа да отвори можност за изградба на обиколница околу Охрид, со потенцијална траса од Требеништа преку Косел до Битола, вклучително и пробивање тунел низ планинскиот предел.

Реклама

„Имено, оваа клучка би отворила потенцијално во иднина спој кој што би одел од Требеништа преку Косел до Битола. Тоа би било целосно заобиколување на Охрид, треба да се пробие еден тунел токму во оваа планина која што е десно од нас и оставаме позади нас инфраструктура која што идните генерации треба да ја развиваат за една идна можност, иден автопат кој што би одел токму од Требеништа кон Битола. Како што гледате, работиме и за иднината, не работиме само денес за утре, ги градиме проектите со план, со визија која што треба да трае буквално следни 100 години и затоа решивме да изградиме оваа клучка“, вели Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Со денешното пуштање во функција, сообраќајот од Ботун кон Охрид ќе се одвива во две насоки. Работите се одвиваат со засилено темпо, воведено е и ноќно работење за да се испочитуваат роковите. Надминат е и најголемиот предизвик – стабилноста на земјиштето со изградба на галерии, што претставува редок инженерски зафат, потенцира Николоски.

„Ќе има вкупно 14 галерии кои што ќе ги изградиме, што е убедливо најмногу, буквално од овде до Швајцарија. Има по една-две галерии на одредени автопати во регионот, но ваква една серија од 14 галерии не е видена и тоа е она што ќе го даде клучното решение за финализирањето на најтешкиот дел од автопатот, кој што е од излезот на тунелите кај Пресека до над Кичево. Би рекол, ова е инженерско чудо кое што дава решение на еден проблем кој што беше нерешлив. Да не заборавиме дека кога беше избрана оваа влада, буквално едно метро асфалт немаше на овој автопат“, вели Николоски.

Три галерии се веќе изградени, а останатите се реализираат со забрзана динамика. Од автопат долг 57 километри, веќе 40 се функционални. Преостанатите 17 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок, со што конечно ќе се комплетира еден од најзначајните автопати во државава.