Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе

Во Македонија 45 отсто од возрасните пушат и колку и ние да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија 45 отсто од возрасните пушат и колку и ние да издвоиме за скрининг и за дијагностика и третмани, ќе биде невозможна трка, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски коментирајќи ја важноста на превенирањето на малигните болести.

Како што рече, најлесно е да донесеме закон за забрана на пушење, но важно е неговото спроведување зашто ние и сега имаме закон. 

-Не само прилагодување туку бараме и повисоки стандарди во однос на примената. Закон за забрана на пушење и биде донесен ќе биде најпрогресивен во регионот, меѓутоа ќе треба масовна поддршка од сите за да го спроведеме. На крајот ние сме тие што треба да го почитуваме тој закон. Проблемите се напластени и долго време системот бил во инерција. Го решаваме третманот со ракот, ја решаваме дијагностиката и генетските истражувања, фокусот мора да биде на скринингот, но полека да отвораме разговор и за животниот стил кога тој, ако се исклучи генетиката на која не може да се влијае, придонесува за зголемување на ризиците, рече Клековски на прес-конференција во Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде што беа соопштени резултати за порастот на животниот век на пациентите со три вида канцер, што се должи на ефикасната терапија и поголем буџет за третман.

Реклама
Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквал

Според Клековски, со зголемување на буџетите за МАНУ, Фармацевсткиот и Медицинскиот факултет и за Институтот за патологија, има доволно капацитети за забрзување на генетската дијагностика на клиниките Онкологија и Хематологија, со што порано ќе почне и лекувањето.

По решевање на генетската и хистопатолошката дијагностика, рече Клековски, следен фокус ќе бидат скрининзите каде што проблем е апаратурата, недостигот од мамографи и колоноскопи, како и  недостиг од доктори.

-Во основна ние немаме скрининг-програми, бидејќи опфат од 5 проценти за рак на дојка не е скрининг. Скрининг е ако имате опфат од 40 до 60 проценти. Меѓутоа таму има структурни системски проблеми од неединство на медицинската евиденција од јавното здравство, од приватното и од систематски прегледи, посочи Клековски. 

Директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија д-р Игор Стојковски во однос на превенцијата апелираше на свесност и одговорност кон сопственото здравје и откажување од пушењето.

-Како онколози гледаме секогаш многу често напреднати фази на малигни заболувања каде што е занемарен почетниот симптом, од страна на пациентот, не од страна на системот. Понекогаш и самите пациенти и средината ја стигматизираат болеста, рече Стојковски. 

На прес-конференцијата беше соопштено дека има постојано зголемување на буџетот за Онкологија во изминатите неколку години со што ќе биде зголемен опфатот на терапијата и ќе се придонесе за поквалитетен живот на пациентите со канцер и уште повеќе ќе го зголеми нивниот животен век.

Наспроти 10 милони евра буџет во 2017, за 2026 година буџетот на Клиниката е околу 57 милиони евра, и е 14 отсто поголем од минатата година.