Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Клековски: Се разгледуваат можности за здравствено осигурување на лица под 18 години, за доставувачите на храна и за т.н. „фриленсери“

Владата, Фондот за здравствено осигурување и УНИЦЕФ ги разгледуваат модалитетите за независно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата, Фондот за здравствено осигурување и УНИЦЕФ ги разгледуваат модалитетите за независно здравствено осигурување малолетни лица на возраст под 18 година. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. 

Тој укажа и на активност што ја води Министерството за социјална политика, а тоа е да се обезбеди посебна законска основа за лицата што имаат флексибилни работни ангажмани – од доставувачи на храна до т.н. „фриленсери“ (лица што самостојно работат определена работа) за да не се појавуваат во други основи што ги имаат.

– Оваа основа треба да обезбеди поедноставна комункација меѓу институциите и овие лица. Ние сме достапни за секоја заинтересирана страна да споделиме информации за категориите, критериумите и условите бидејќи целта ни е сите граѓани да имаат пристап до здравствено осигурување. Со самото регистрирање на договорите на ваквите флексибилни работни ангажамани ќе биде возможно да пријават здравствено осигурување и да бидат осигурени по таа основа да не мора самите да се пријавуваат во Фондот, -додаде Клековски.