Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Ќе се зголемат ли капацитетите во здравството ако компаниите почнат да работат повторно со полна пареа?

Големите западни земји веќе донеле одлука да ги вратат своите економии во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големите западни земји веќе донеле одлука да ги вратат своите економии во нормална состојба и тоа ќе се случи за месец до месец ипол без разлика на развојот на состојбата со Корона вирусот, анализираше вчера во емисијата Заспиј ако можеш еминентниот македонски професор во Канада, Гоце Андревски.

Според него овој период на стагнација се користи за максимална подготовка на здравствените системи да можат да го издржат големиот прилив на ново заразени во периодот кога сите фабрики, сите погони, сите компании ќе продолжат со работа во полн капацитет. Ова е стратешка одлука и од неа нема да се повлечат по никаква цена, бидејќи очигледно економијата е пред и над се, вели тој.

Ако професорот е во право, тогаш и ние имаме најмногу 6 недели да се подготвиме за истото затоа што кога САД ќе тргнат во тој правец, ќе ги следи Канада, па западна Европа и никој нема да може да остане настрана од тоа стампедо, вклучително и ние на Балканот. Колку сме ние реално подготвени да ги дуплираме, триплираме и мултиплицираме капацитетите на нашиот здравствен систем пред да започне овој процес е најважното прашање.

Реклама
  • Што мислам дека Македонија треба да прави? Прво, итно зголемување на капацитетот, второ, набавување на овие тестови затоа што ова може да се намали, овој пик на нова крива со превентивно тестирање. Значи да не оди толку високо. Од една страна  кривава ќе се намали од друга страна  капацитетот ќе се зголеми. Значи ќе имаат еден простор помеѓу капацитетот на системот и  бројот на заразени- изјави Гоце Андреевски – Универзитетски професор во Канада.

Доколку се случи ова сценарио како Македонија би постапила, побаравме одговор од министерот за здравство Венко Филипче за дали сме подготвени да се соочиме со ваков предизвик, дали имаме доволно капацитети, персонал, опрема…Министерот кусо одговори сме имале тимови кои работат и ќе работат во борба со вирусот.

  • Секоја јавна здравствена установа има направено тимови и така доаѓаат тимовите согласно  распоредот од страна на директорите, раковотиделите на јавните здравствени установи, имајќи во предвид типот на патологијата и  времето кое е потребно за дел од кадарот да биде дома па да се надополни ако  некој треба да оди во самоизолација -рече Венко Филипче.

Кина веќе речиси 4 месеци се бори со Корна вирусот, Европа 2…бројот на ново заразаени расте, но расте и минусот на пари на сметките на бизнисите,  останува отворено прашањето до кога фирмите ќе бидат на стенд бај, а дали и кога без разлика на вирусот истите ќе почнат со работа надевајќи се на по обемен здравствен капацитет и јакнење на колективен имунитет.

Мери Ѓорѓиевска