Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Ќе се дозволи ли масовно да се заразуваат со корона здравствените работници!?

Колку здравствени рабортници дневно се тестирани, а за колку на дневно ниво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колку здравствени рабортници дневно се тестирани, а за колку на дневно ниво резултатите се позитивни на корона? По Клиниката за кожни болести, болницата во Дебар, сега Клиниката во Куманово е новото жариште каде денеска има резултати дури за 11 заболени здравствени работници.

Сублимирањето на информациите на дневно ниво за тестирани за корона, остава простор за шпекулација колку од нив се вработени во болниците, и дали објавувањето на заболените лекари или медицински персонал со одлагање е како би се намалила паниката односно старв меѓу населението за можност од крах на здравствениот систем?

Ова прашање се наметна по денешната неофицијална информација дека заболени од корона има и во Брзата Помош во Скопје. Нашиот извор посочува дека цела смена била тестирана, а позитивен бил резултатот за 7 вработени. Директорот на Здравствен дом во разговор за Алфа, бројката на заболени и тестирани ја негираше.

Реклама

-Во Брзата помош во Скопје возачот е позитивен на коронавирус. Тој самоиницијативно се тестирал иако немал никакви симптоми ни пред 14 дена, ниту пак сега. Лицето е пуштено дома и после 7 дена повторно ќе се тестира. Напоменувам дека е асимптоматичен – во телефонски разговор ни изјави Виктор Исијановски директор на Здравствен дом скопје.

На прашањето на Алфа дека нашите информации се дека 9 лица од Брза помош биле тестирани,а 7 се позитивни Исијановски ни одговори.

-Не тоа не е вистина, позитивен на корона е само возачот и напоменувам самоиницијативно се тетсирал, каде го направил тестот немам информации  – изјави директорот.

Ако заболениот возач за цело време имал корона, а немал симптоми и одел на работа, не се исклучува опсаноста од ново жариште и тоа во Итна Помош.

Министерот Венко Филипче се согласува дека можеби треба здравствените работници да се издвојуваат како посебна категорија на тестирани.

Не одоговори дали чувствува одоворност што расте бројката на заболени здравствени работници, тој посочи дека не била во прашање соодветната заштита бидејќи имало доволно залихи на заштитна опрема, а и сите одделни болници имале точни упатцтва како треба да се однесуваат.

 

Катерина Гетева