Реклама

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Македонија

Кисела Вода доби уште едно, целосно инклузивно детско игралиште

Преку нивната донација беше реализирана темелата реконструкција на овој простор, кој до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку нивната донација беше реализирана темелата реконструкција на овој простор, кој до пред еден месец беше во многу лоша состојба.

Најмладите жители на општина Кисела Вода добија нов простор за игра и разонода. Денес беше ставено во функција целосно инклузивно детско игралиште на површина од над 400м2.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја истакна континуираната заложба за унапредувањето на јавниот простор и квалитетот на животот и се заблагодари на Државна видео лотарија -Casinos Austria за покажаната општествена одговорност.

Реклама

Преку нивната донација беше реализирана темелата реконструкција на овој простор, кој до пред еден месец беше во многу лоша состојба.

-Продолжуваме со посветено и континуирано инвестирање во унапредувањето на јавниот простор и квалитетот на животот на нашите сограѓани. Денес, токму во центарот на Кисела Вода го отвораме новиот реконструиран простор на површина од над 400м2, предвиден за детска игра. Новото детско катче кое од денес го ставаме во функција е целосно инклузивно. Реквизитите ќе можат да ги користат сите, вклучувајќи ги и дечињата со посебни потреби, а се поставени врз гумена подлога и просторот е ограден и безбеден за користење. Реконструкцијата опфаќа и кошаркарско игралиште кое ќе се наоѓа во склоп на самиот парк па така, жителите од овој дел на општината ќе имаат и можност да спортуваат на нов и модерен терен. Секако, паркот добива и нова урбана опрема кој ќе понуди совршен амбиент за сите посетители. Сакам да се заблагодарам на Државна видео лотарија – Casinos Austria за покажаната општествена одговорност преку донација на средства со кои се овозможи од едно руинирано, да прерасне во модерно катче за непречена детска забава и игра. Продолжуваме да ја менуваме Кисела Вода секој ден кон подобро, секој ден поубава, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Претставникот на Државна видео лотарија, Вики Чадиковска, истакна дека нивната компанија досега инвестирала во 18 вакви игралишта низ Македонија. 19-тото е баскет игралиштето кое се наоѓа непосредно до денес отвореното детското игралиште и ќе биде завшено до крајот на 2024 година.