Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

КХВ – единствен регулатор од земја надвор од ЕУ во Меморандум за соработка на пазарите на капитал

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Бујаре Абази денеска во Блед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Бујаре Абази денеска во Блед заедно со регулаторите на пазарите на капитал од Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Хрватска, Словенија и од Бугарија, потпиша Меморандум за соработка на пазарите на капитал.

– Комисијата за хартии на Македонија е единствен регулатор на земја која не е членка на ЕУ, а се приклучи кон оваа регулаторна иницијатива заедно со седум земји-членки на ЕУ. Со ова се остварува целта за зајакнување на соработката меѓу регулаторните тела, преку размена на искуства, усогласување на регулаторните практики и координација на активности насочени кон поголема ефикасност, транспарентност и конкурентност на пазарите на капитал. Комисијата  со земјите потписнички ќе ја унапредуваат соработката преку  заеднички иницијативи во функција на развој на интегрирани, ликвидни и отпорни пазари на капитал во регионот, соопшти КХВ.

Со овој чекор, дополнуваат од КХВ, беше истакнато регулаторите испраќаат јасна порака дека заедничката соработка  и координација значат повеќе мегусебна доверба, консултација и пропорционалност, можности за инвеститорите, поатрактивни пазари и нивно зајакнување преку иновации и инвестиции, како и идентификување на празнини во регулативата на овие пазари.

Реклама

– Во рамки на настанот, претседателката на КХВ, Бујаре Абази, и комисионерот Васко Пејков учествуваа на регулаторниот панел на тема „Иницијативи и активности за развој на пазарите на капитал во јурисдикциите на потписниците, со цел зголемување на учеството на малите инвеститори“, каде разменија искуства и најдобри практики со колегите од регионот – информира Комисијата за хартии од вредност.

Меморандумот за соработка на пазарите на капитал претставува надградба на регионалната иницијатива започната кон крајот на 2024 година, кога берзите од Братислава, Букурешт, Будимпешта, Љубљана, Скопје, Софија, Варшава и Загреб потпишаа Меморандум за разбирање за зајакнување на соработката и интеграцијата на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа, со поддршка на Европската банка за обнова и развој. Во август 2025 година, министрите за финансии на земјите учеснички, преку Меморандум дополнително ја зацврстија регионалната соработка и на највисоко ниво го поддржаа процесот на интеграција и развој на пазарите на капитал.