Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Ќе се зголемат казните за нефер трговски практики

До крајот на годинава ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годинава ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои го прекршиле  Законот за нефер трговски практики. Дополнително, од наредната година се очекува значително зголемување на казнените одредби, најави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Кога станува збор за трговците кои самоволно ги зголемуваат цените и со тоа директно го опотваруваат семејниот буџет на граѓаните, пазарните инспектори веќе изрекле казни во висина од околу два милиони евра на државно ниво.

  „ Меѓутоа да ја пофалам и пазарната инспекција, во текот на оваа година измината, направиле 18.000 вкупно контроли-надзори на трговија на мало и големо. Воочени се и голем број на неправилности. Така да од тие неправилности се изречени платни налози-казни некаде во висина од околу 120 милиони денари или вкупно два милиони евра. Ние и понатаму ќе ја следиме ситуацијата со цените во сите маркети на трговија на мало и големо „ изјави Ристески.

Ристески, најави и креирање на бесплатен софтвер кој ќе им биде достапен на трговците за трнспарентно прикажување на цените , а воедно граѓаните преку мобилна апликација  ќе имат можност самостојно да креират сопствена потрошувачка кошничка. Според Ристески, целта на овие мерки е инфлацијата да се задржи на ниво од околу 3% годишно. Тој предупреди дека доколку повторно дојде до нарушуваање на животниот стандард на граѓаните , ќе следуваат нови построги мерки и санкции.

Реклама

„Очекуваме во наредниот период да ја стабилизираме инфлацијата на годишно ниво да биде некаде околу 3%. Затоа ќе придонесат дел од овие мерки и контролите или пак евентуално доколку увидеме дека има некоректно и непазрно однесување кон граѓаните и подривање на животниот стандард ќе има и други мерки коишто ќе ги планира Владата„ изјави Ристески.

Ристески, се осврна и на делот на мерките предвидени за текстилните компании, сектор кој во моментот е пред колапс. Посочи дека 80 текстилни компании веќе користат  владини мерки  со цел да го осовременат но и подобрат својот производен процес.