Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Ќе се контролираат возилата и ќе се следат камерите на МВР- засилени контроли во Скопје поради кучињата кои се носат од други градови и држави

Засилени контроли на возилата при влез во Скопје, а ќе се користат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилени контроли на возилата при влез во Скопје, а ќе се користат и камерите на МВР за лов на несовесните граѓани кои од други градови и држави пуштаат улични кучиња низ скопските населби. Откако во Скопје се појавија глутници кучиња од Град Скопје најавуваат засилени мерки во соработка со Министерството за внатрешни работи. Главна цел е да се намали бројката на уличните кучиња кои неретко се агресивни и напаѓаат случајни минувачи и деца.

„Градот Скопје стапува во контакт со МВР за засилени контроли на сите типови возила на влезовите во главниот град, но и во внатрешноста на градот со цел пресретнување на евентуално транспортирање на кучиња, за што постојат сериозни индиции. Дополнително, во координација со МВР во предвид е и користење на камерите на МВР за да се разјасни ваквата состојба која ја загрозува јавната безбедност на граѓаните.“- велат од Град Скопје.

Дополнително од Град Скопје информираат дека неколку кучиња веќе се заловени и истите немаат никаква маркица. По реакциите на граѓаните откако во Карпош била донесена глутница од над 20 кучиња, кои не биле чипирани и стерилизирани, општината соопшти дека будно ја следи состојбата и бара заедничка соработка со Град Скопје и ЈП „Лајка“ за решавање на проблемот.

Реклама

„Евидентно е дека бројот на бездомните кучиња во последните неколку денови е зголемен, па затоа, во соработка со Градот ќе работиме интензивно на изнаоѓање на решение за моменталната состојба,  како и на трајно решавање на проблемот со уличните кучиња.“- велат од Општина Карпош.

Од ЈП „Лајка“ велат дека причната за појавата на глутниците е тоа што масовно и организирано со комбиња се носат кучиња од други градови и се истовараат во општините во Скопје. Нивните екипи веќе се на терен на повеќе локации во општината при што се врши заловување и хуман третман на кучињата согласно процедурите и стандардите за благосостојба на животните. Според статистиките на МВР во последните 3 месеци на територијата на Скопје 189 граѓани пријавиле дека биле нападнати од куче скитник, а најалармантно е во општините Гази Баба и Аеродром со 46 односно 39 пријави.