Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Ќе биде ли Битиќи заеднички претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ?

Фатмир Битиќи – соломонско решение за претседателски канидат на ДУИ и СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фатмир Битиќи – соломонско решение за претседателски канидат на ДУИ и СДСМ, со кое дополнително би се претопиле партиите и би се зацементирале заедничките пратенички листи. Ова е опцијата во игра, но само доклку Ахмети одлучи да даде поддршка на социјал-демократите за заеднички настап и на претседателските и на парламентарните избори.

Со оглед на тоа што Европскиот сојуз за промена дефинитивно ќе одат со сопствен кандидат, партијата од Мала Речица прави математики дали да дадат поддршка на кандидат на СДСМ, кој е се поверојатно дека ќе биде поразен  и со тоа да се исперат себе си дека не изгубиле од опозицијата, или пак да настапат сами.

Во ваква игра, на сцена стапува Битиќи, потпретседателот на СДСМ, близок до ДУИ, а сепак не е нивен член. Дури и самиот тој рече дека има амбиции за таа кандидатура.

Реклама

„Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат, како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда“, изјави Битиќи.

Додека ДУИ го мери расположнието дали нивните членови би го поддржиле Битиќи, од Европскиот сојуз за промена пак, велат дека имаат информации дека интегративиците сакаат за претседател на државата да го предложат Бујар Османи. Според нив, јавноста треба да знае кој е Османи, човекот кој бил под лупа на органите на прогонот.

А, негов единствен успех во тие години беше „најкорумпираниот албански министер досега“. Тој е единствениот албански функционер кој бил предмет на Специјалното јавно обвинителство за предметот „ПАЦИЕНТ“, кој кога му требаше на СДСМ во 2017 година, се измолчи. Меѓутоа, иако шајките се отстранети, трагите остануваат, вели Амир Елези од ЕСП.

Анкетите покажуваат дека СДСМ убедливо губи од ВМРО-ДПМНЕ, а Европскиот сојуз му дише во врат на ДУИ, па сега се прават математики во владејачката коалиција како да се извлече максимумот од оваа незавидна положба во која се наоѓаат. Неодговореното прашање е дали Стево Пендаровски ќе биде жртвено јагне на нов коалициски дил.