Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Казахстанска делегација во ТИРЗ Скопје: Нов импулс за економска соработка и инвестиции

Висока делегација од Казахстан, предводена од министерот за трговија и интеграција Арман…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Висока делегација од Казахстан, предводена од министерот за трговија и интеграција Арман Шакалиев, денес оствари официјална посета на ТИРЗ во Скопје, при што беше посетена и фабриката на Џонсон Мети.

Во рамки на посетата, делегацијата остварила работна средба со директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, на која се разговарало за можностите за интензивирање на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на билатералните односи.

Димовски, како што се наведува во соопштението од  дирекцијата за ТИРЗ, нагласил дека оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на економските односи меѓу двете земји и континуитет на веќе воспоставената соработка од јуни минатата година.

Реклама

Тој посочил дека дирекцијата за ТИРЗ и натаму останува посветена на поддршка на инвеститорите и создавање услови за одржлив економски раст и нови инвестиции со висока додадена вредност.

Министерот Шакалиев изразил задоволство од можностите што ги нуди земјава, нагласувајќи дека Казахстан гледа сериозен потенцијал за зајакнување на соработката.