Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Кавадарци бара проектни идеи за развој на локалната заедница

Општина Кавадарци бара проектни идеи за развој на локалната заедница, информираа денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кавадарци бара проектни идеи за развој на локалната заедница, информираа денеска од локалната самоуправа.

– Општина Кавадарци, во партнерство со УНДП, објавува јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која е финансирана од Европската Унија. Се повикуваат сите граѓански организации да аплицираат со свои проектни идеи и да придонесат кон развојот на локалната заедница – појаснија од Општината.

Како што нагласија, приоритетни области за проекти се заштита на животна средина, здравство и социјална заштита, локален економски развој, како и родова еднаквост.

Реклама

Рокот за пријавување е до 2 март.

– Инфо-сесијата и првиот ден од дводневната обука ќе се одржат на 4 февруари со почеток во 10 часот во големата сала во Општина Кавадарци. Вториот ден од обуката ќе се одржи на 5 февруари. Првата менторска средба е закажана за 12 февруари, а во текот на обуката ќе бидат договорени термините за преостанатите три менторски средби што ќе бидат објавени на општинската веб-страница – додадоа од локалната самоуправа.

Детаљните информации и потребната документација се достапни на веб-страницата на Општина Кавадарци.