Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Катната гаража во Куманово, привремено решение што ќе се дислоцира кога ќе има нови паркинг-места

Катната гаража во центарот на Куманово е привремено решение, ќе се дислоцира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Катната гаража во центарот на Куманово е привремено решение, ќе се дислоцира кога ќе има нови паркинг капацитети, информираше градоначалникот на општината, Максим Димитриевски. Тој објасни дека поставувањето на катната гаража било неопходно поради недостигот на паркинг места во централното градско подрачје.

– Монтажната катна гаража е само времено решение кое во овој момент е неопходно за функционирање на центарот. Во моментот кога ќе го зголемиме капацитетот за паркирање, таа ќе биде дислоцирана-изјави Димитриевски.

Како можни решенија за трајно надминување на проблемот со паркирањето, Димитриевски ги посочи просторот кај „Чоробенско Ќоше“, како и поранешно хемиско чистење на „Ленинова“.

Реклама

-Имаме проблем со соработката со ПОИК, кој не ги дислоцира постојните објекти. Ќе побарам средба со директорот за да најдеме решение, а во спротивно ќе мораме да поведеме и правна постапка-рече Димитриевски.

Градоначалникот се согласи дека гаражата не е соодветно поставена, особено поради тоа што делумно го прикрива објектот на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, која е значаен носител на културниот живот во градот.

– Се согласувам дека не ѝ е местото таму и еден ден нема да биде. Но, ако ја отстраниме сега, ќе остане празен простор без функција и без доволно паркинг-кажа Димитриевски.

Според најавите, по дислокацијата на катната гаража, просторот ќе биде повторно уреден како отворен паркинг, со соодветно урбано решение и задржување на симболиката што ја имал во минатото.