Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Катастрофални резултати за Данела Арсовска изборите, дали ќе одважи да си поднесе оставка од функцијата градоначалник на Скопје

Ни 2000  гласа не освои мајката на главниот град  во изборната единица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ни 2000  гласа не освои мајката на главниот град  во изборната единица 1 каде беше носител . Партијата на градоначалничката Данела Арсовска, „ Твоја Алтернатива“ на парламентарните избори освои само 3516 гласа, од кои  1.645  гласа во првата изборна единица каде има општини од градот Скопје , или 0,85 отсто од гласовите.  Во втората изборна единица, каде исто се впишуваат општини од Град Скопје, „ Нова Алтернтива“ освои 1113 гласа  

Изборна единица                                Политичка партија „ Нова Алтернатива“

1                                                               1645 –   0,85 %

Реклама

2                                                               1113   –    0,63 %

3                                                               410   –      0.25%

4                                                               348   –      0,20%

Дали дебаклот на Арсовска во градот кој го предводи е доволна причина да си замине од функцијата градоначалник на Град Скопје засега нема одговор од нејзиниот кабинет.  

Скопје да се врати на скопјани повика актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски

Бројките велат дека во 2021 година Данела Арсовска е избрана за градоначалник на градот Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а сега Данела Арсовска преку нејзината партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2584 гласови. По ваквиот резултат јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје, напиша градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски

„Има луѓе професионалци, што знаат како се управува со градот“ – беше главната порака на Арсовска, но мандатот и го одбележуваат  скандали и конфликти. Последен во низата е  се уште неразјаснатата дилема кој треба да ја искоси тревата околу Влада. Нема епилог од кавгата со техничкиот премиер Талат Џафери кога тој  ја повика Арсовска да ја среди џунлата во дворот на  Владата , а таа му врати дека сам треба да си го среди дворот.

Арсовска во  две ипол години, смени десетици директори на градски претпријатија, отпушти десетици вработени. Прв пат од осамостујувањето на Македонија, Скопје  остана без градски превоз, а среде лето и доживеавме слика на главен град со ѓубре колку планина,  поради штрајкот на комуналните работници.

Од ветувањето за бесплатен јавен превоз, скопјани добија електрични тротинети кои се плаќаат и автобуси кои доцнат или се преполни.  Резултатот на изборите не е поразителен само за Арсовска, уште еден градоначалник доживеа дебакл. Стевчо Јакимовски откако испадна од претседателската трка, коалицијата преводена од  неговата ГРОМ на парламентарните избори освои вкупно, 4.522 гласа, а во скопски Карпош каде е градоначалник доби 841 глас. Победата на  локалните избори во 2021  ја доби со доверба од 14,838 карпошани.